Календар на настани
ПовеќеНарачај сервис
ПовеќеPromedika is a provider of healthcare products and services and one of the leading companies in its field in The Republic of Macedonia...
ПовеќеПРОМЕДИКА е долгогодишен ексклузивен партнер на реномирани мултинационални компании од областа на фармацијата, медицината и стоматологијата.
ПРОМЕДИКА има специфичен и единствен модел на покривање на крајните корисници низ Македонија. Нашата посветеност и одговорност кон здравјето ја демонстрираме преку следење на здравствената политика во согласност со економските критериуми и постојано сме фокусирани на соодветноста на ценовната политика согласно куповната моќ на крајните корисници.
ИСТОРИЈА НА КОМПАНИЈАТА
ПРОМЕДИКА е основана на 03.06.1996 година со приватен капитал. Основач и Генерален директор е Г-дин Ристо Лузевски.
Посветеноста, ефикасноста, квалитетот и професионалноста за кратко време станаа препознатливи карактеристики на ПРОМЕДИКА која за краток временски период прерасна во лидер во својата дејност.
Компанијата е во постојан раст и развој. Прогресот на ПРОМЕДИКА се должи на вработените кои како вешти и добро обучени професионалци се активно вклучени во нејзиниот развој врз основа на компетентноста, знаењето и искуството.
ОСНОВНА ДЕЈНОСТ НА ПРОМЕДИКА
Основна дејност на ПРОМЕДИКА е увоз, складирање и дистрибуција на:
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕЈНОСТИ НА ПРОМЕДИКА
Во ПРОМЕДИКА дополнително се организирани следните дејности:
МИСИЈА
Обезбедување на континуиран квалитет во работењето, квалитет на производите и задржување на довербата на нашите партнери преку врвна услуга.
ВИЗИЈА
Градење на современа веледрогерија, способна за остварување на највисоките стандарди во дистрибуција на лекови и истражување на пазарот.
Континуирано следење и надградување на фармацевтските, медицински и стоматолошки знаења, континуирано да развивање на еколошката свест и посветување на заштита на здравјето и безбедност при работа.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
Во согласност со мисијата и визијата на ПРОМЕДИКА како и со барањата и принципите на стандардот ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015,
ПРОМЕДИКА донесе Политика за квалитет, заштита на животна средина и здравје и безбедност при работа, која има функционална вредност во компанијата.
Фокусот на работењето е насочен кон имплементација на барањата и стандардите на Добра Дистрибутивна Пракса, Добра Производна Пракса, Добра Пракса на Складирање како и имплементација на Систем за управување со квалитет кој е потврден со Сертификат ISO 9001:2015
Тимот на ПРОМЕДИКА во своето работење ги имплементира стандардите за заштита на животна средина кои се потврдени со Сертификат ISO 14001:2015
Секторот за обезбедување на квалитет воспоставува и одржува систем на континуирана контрола и унапредување на системот за квалитет и контрола и унапредување на процесите. Секторот за обезбедување на квалитет е одговорен за имплементација на новите барања и стандарди поврзани со обезбедување на квалитет на производ и услуга, како и зголемување на задоволството на нашите клиенти и крајни корисници.