НЕСАКАНА РЕАКЦИЈА е секој несакан, неповолен и непланиран знак, симптом, болест или лабораториски резултат поврзан со употребата на лек. Несакан настан е употреба на лекот за време на бременост или доење, при погрешна употреба (пр. голтање на капки за очи) или злоупотреба, предозирање, изостанок на ефикасност или пак зголемена ефикасност на истиот.
ПРОМЕДИКА е посветена на почитување на своите правни обврски во однос на пријавувањето на несаканите реакции до соодветните авторитети и бара од Вас да пријавите било која несакана реакција за која сте добиле информација, а е поврзана со препарат за кој ПРОМЕДИКА е застапник, до Сектор за обезбедување на квалитет, одделот за фармаковигиланца.
Вие имате обврска да ја пријавите секоја несакана реакција без разлика на сериозноста или поврзаноста со промената на лекот ВЕДНАШ, а во никој случај не подоцна од 24 часа до одделот за фармаковигиланца. Податоци кои се потребни се следните:
Во случај да имате пријава на несакана реакција, Ве молиме зачувајте го примерокот од истиот производ!
Формуларот за пријава на несакани реакции можете да го најдете во делот Обрасци – Барања како точка 20 на линкот: Формулар за пријава