- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Дијабет или шеќерна болест представува метаболно нарушување чија основна карактеристика е хронична хипергликемија со нарушен метаболизам на јаглените хидрати, мастите и протеините, поради инсулински дефицит или инсулинска резистенција.
Според етиологијата дијабетот се класифицира на:
-Тип 1, кој означува бета клеточна деструкција, со инсулински дефицит.
-Тип 2 каде постои инсулинска резистенција со релативен инсулински дефицит
-Други специфични типови како што се генетски дефекти на бета клетката, генетски дефекти на инсулинската секреција, болести на егзокриниот панкреас, ендокринопатии, дијабет предизвикан од лекови, инфекции, одредени генетски синдроми (Sy Down, Ataxia Friedreich, Chorea Huntington, Sy Klinefelter, Turner sy ..)
-Гестациски дијабет – состојба која се дијагностицира за време на бременоста, доколку дијабетот постоел пред бременоста тогаш станува збор за дијабет и бременост, а не гетсциски дијабет.
ПРИЧИНИ И РИЗИК ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА ТИП 2 ДИЈАБЕТ
ДИЈАГНОЗА
Дијагнозата се поставува со детектирање на високите вредности на гликемијата наутро на гладно (денес референтните вредности се 5.2ммол/л), како прв индикатор за понатамошни иследувања, потоа ОГТТ тестот кој со својата специфичност ја докажува метаболната дисфунцијата.
Соодветно на состојбата се ординира и соодветна терапија, која ја одредува и следи специјалист ендокринолог.
Како посебна метода за дијагностицирање на дијабетот, во нашата устанува се применува педометријата. Безболна краткотрајна процедура чии резултати се од огромно значење за понатамошниот третман на дијабетот. Оваа метода за сега ја има единствено во Промедика Медикал Центар.
ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТ
Превземи го целиот текст во пдф (НАКРАТКО ЗА ДИЈАБЕТОТ)