- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Scabies
Синоними: шуга, краста.
Претставува инфективно, паразитарно заболување со карактеристични кожни промени и силно изразен јадеж. Предизвикувач на хуманиот скабиес е acarus scabiei var. hominis.
Оплодената женка копа ходници во корнеалниот (површинскиот) слој на епидермот, каде ги полага јајцата. Од јајцата за три недели се развиваат ларви, нимфи и на крај полово зрели акари кои излегуваат на површината каде се врши оплодувањето, по кое мажјаците умираат.
Пренесувањето на шугата настанува преку близок(интимен) телесен контакт, при кампување, кај деца што живает во лоши хигиенски услови, индиректно преку облека, долен веш и чаршави за спиење.
Прв и водечки симптом е упорниот и мачен јадеж, особено изразен ноќе во топлиот кревет и во ходниците на предилекционите места: помеѓу прстите на рацете, рачните зглобови, лактите, предната подпазувна линија, околу градите, папокот, половината и скроро секогаш гениталната регија кај возрасни.
Како се поставува дијагнозата? Како се лекува оваа болест?
Повеќе за шугата или scabies прочитајте во истоимениот текст на специјаст дерматовенеролог Др. Ивана Панговска