Согласно актуелните законски прописи во Република Македонија, систематските прегледи се задолжителни за вработени во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси. Работодавецот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој ја утврдува работната способноста според барањата на работната позиција. Прегледите се прават на 6, 12, 18 или 24 месеци, зависно од изложеноста на ризик на работно место.
Во нашата поликлиника се вршат:
- претходни, периодични, насочени и систематски прегледи,
- систематски прегледи на вработени во зона на јонизирачко зрачење.

- Лекарски уверенија за предвработување
- Нашата поликлиника е овластена и за вршење и спроведување на ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ НА ВРАБОТЕНИ. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат до 20 вработени најмалку по еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање на прва помош, а над овој број на секои дваесет вработени најмалку уште по еден. Обуката ја врши стручно лице лиценцирано за обука за прва помош. Секој слушател добива брошура со работни материјали за обуката. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел на симулатор (фантом). После завршената обука, секое лице добива сертификат.
РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА ЗА ИЗВРШЕНИ СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ (PDF)