Во центарот за нега на рани на нашите пациенти им овозможуваме професионален третмани на хронични рани од декубитуси, изгореници и дијабетично стапало со специјални хидрофибер покривки и хидроколоидни лепенки. Во центарот работат високостручни медицински сестри и хирург кој е во постојана соработка со дерматовенеролог и интернист се со цел да им се даде најдобра можна услуга на пациентите.
Во центарот се вршат следниве услуги:
- Постоперативни рани, декубити, венски или артериски улкуси, отворени рани во склоп на дијабетско стапало;
- Третман на сите видови акутни и хронични рани со хидрофибер гази и хидроколоидни лепенки од програмата на Convatec (во домашни или амбулантски услуги);
- Земање мерки за профилактични, компресивни и антиемболиски чорапи за пациенти со нарушена венска циркулација и обука за нивно користење;
- Земање мерки на појаси за пациенти со кила на абдоминалниот ѕид, како и постоперативно за превенција на појава на кила на оперативната рана, хируршки градници и стабилизатори за импланти по вградување на градни импланти, компресивни мидери за жени, компресивни костими, елеци, стегачи за уши, маски за лице и др. (повеќе);
- Земање мерки за сите видови стегачи, бандажери, имобилизатори за превентивна или постоперативна примена за сите зглобови, вратот и торзото.
РАНА ДИЈАГНОСТИКА НА ДИЈАБЕТСКО СТАПАЛО