Со цел своите услуги да ги направи подостапни за пациентите, одделот за Дерматовенерологија во состав на Промедика Медикал Центар потпиша договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија дел од своите услуги да ги дава со сини картони или здравствена картичка.
Процедури кои се извршуваат во дерматовенеролошкиот кабинет:
- Специјалистички дерматовенеролошки преглед;
- Дермоскопскa дијагностика со апарат Derm Doc-претставува микроскопска дигитална дијагностика на кожни промени. Тоа е најсовремена неинвазивна метода со која се добива директна дијагноза на малигни и бенигни промени на кожата;

- Криотерапија-терапија со течен азот -третман погоден за површински кожни лезии, вирусни брадавици, клавуси (жуљеви), кондиломи, сенилни брадавици, акни, папиломи, кератози;
- Микроскопско дијагностицирање на габична инфекција на кожа и нокти;
- Алерголошки тестирања - Во ординацијата се прават Prick алерготестови и тоа:
- Нутритивна палета со над 30 алергени
- Инхалаторна палета со над 35 алергени;
- Хемиски пилинг - се користи во комбинација со третмани за лице и тело кои се изведуваат во центарот за убавина - Промедика Естетик. Хемискиот пилинг се користи за:
- Естетски цели за регенерација (обновување) на површинскиот слој на кожата со што се подобрува нејзиниот квалитет и текстура;
- Се користи како третман на акни, флеки, бори, проширени пори, но и за враќање на свежината и младешкиот изглед на лицето.
- Мезотерапија со дермаролер - колагено-индукциона метода со која се стимулира производството на колаген и еластин со што се постигнува ефект на подмладување, затегнување и разубавување без никакви штетни последици.
Најчести состојби кои се дијагностицираат и третираат во ординацијата, се:
Прегледи и третмани во дерматовенеролошката ординација (PDF).
Повеќе за третманите на лице и тело може да прочитате на страната на Промедика Естетик.