Маникирот и педикирот се изведуваат во согласност со дерматолошки стандарди, со одржување и стерилизација на приборот за работа по секој клиент. Сетовите за работа се стерилно запакувани и се отвараат пред самата манипулација.
Маникир претставува нега на кожата, прстите и ноктите на рацете, додека педикир претставува нега на кожата и ноктите на нозете, притоа отстранување на сувата кожа, деформирани нокти и жуљеви со различни козметички средства и соодветен алат и прибор за работа.