Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Стоматологија

Телефон: 02 3248 403

Факс: 02 3248 401

Фармација

Телефон: 02 3248 400

Факс: 02 3248 401

Медицина

Телефон: 02 3248 400

Факс: 02 3248 401

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

До кого сакате да испратите порака

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил
promedika logo

пребарај

За нас

Календар на настани

Повеќе

Нарачај сервис

Повеќе

Become our partner

Promedika is a provider of healthcare products and services and one of the leading companies in its field in The Republic of Macedonia...

Повеќе

За нас

ПРОМЕДИКА е долгогодишен ексклузивен партнер на реномирани мултинационални компании од областа на фармацијата, медицината и стоматологијата.

ПРОМЕДИКА има специфичен и единствен модел на покривање на крајните корисници низ Македонија. Нашата посветеност и одговорност кон здравјето ја демонстрираме преку следење на здравствената политика во согласност со економските критериуми и постојано сме фокусирани на соодветноста на ценовната политика согласно куповната моќ на крајните корисници.

ИСТОРИЈАТ НА КОМПАНИЈАТА

ПРОМЕДИКА е основана на 03.06.1996 година со приватен капитал. Основач и Генерален директор е Г-дин Ристо Лузевски.
Посветеноста, ефикасноста, квалитетот и професионалноста за кратко време станаа препознатливи карактеристики на ПРОМЕДИКА која за краток временски период  прерасна во лидер во својата дејност.
Компанијата е во постојан раст и развој. Прогресот на ПРОМЕДИКА се должи на вработените кои како вешти и добро обучени професионалци се активно вклучени во нејзиниот развој врз основа на компетентноста, знаењето и искуството.

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ НА ПРОМЕДИКА  

Основна дејност на ПРОМЕДИКА е увоз, складирање и дистрибуција на:

  1. лекови,
  2. медицински помагала,
  3. стоматолошка опрема, стоматолошки потрошен материјал и заботехничка опрема и материјали.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕЈНОСТИ НА ПРОМЕДИКА

Во ПРОМЕДИКА дополнително се организирани следните дејности:

  1. сервис и одржување на стоматолошки апарати и опрема,
  2. обука, едукација и усовршување на нашите клиенти поврзано со производите од нашето портфолио.

МИСИЈА
Обезбедување на континуиран квалитет во работењето, квалитет на производите и задржување на довербата на нашите партнери преку врвна услуга.

ВИЗИЈА
Градење на современа веледрогерија, способна за остварување на највисоките стандарди во  дистрибуција на лекови и истражување на пазарот.
Континуирано следење и надградување на фармацевтските, медицински и стоматолошки знаења, континуирано да развивање на еколошката свест и посветување на заштита на здравјето и безбедност при работа.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

Во согласност со мисијата и визијата на ПРОМЕДИКА како и со барањата и принципите на стандардот ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004, ОНЅАЅ 18001:2007, ПРОМЕДИКА донесе Политика за квалитет, заштита на животна средина и здравје и безбедност при работа, која има функционална вредност во компанијата.
Фокусот  на работењето е  насочен кон имплементација на барањата и стандардите на Добра Дистрибутивна Пракса, Добра Производна Пракса, Добра Пракса на Складирање како и имплементација на Систем за управување со квалитет кој е потврден со Сертификат ISO 9001: 2008.

Тимот на ПРОМЕДИКА во своето работење ги имплементира стандардите за заштита на животна средина кои се потврдени со Сертификат ISO 14001 :2004.

Секторот за обезбедување на квалитет воспоставува и одржува систем на  континуирана контрола и унапредување на системот за квалитет и контрола и унапредување на процесите. Секторот за обезбедување на квалитет е одговорен за имплементација на новите барања и стандарди поврзани со обезбедување на квалитет на производ и услуга, како и зголемување на задоволството на нашите клиенти и крајни корисници.  

Акции/Промоции

Повеќе

Нарачки