Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Нарачка на стоматолошки материјали или опрема

Телефон: 02 3248 403

Нарачка на заботехнички материјали или опрема

Телефон: 02 3248 440

Информации за испораката на Вашата нарачка

Телефон: 02 3248 411

Телефон: 02 3248 405

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

До кого сакате да испратите порака

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Стоматологија
promedika logo

пребарај

Работилница со мајсторот на...

Производи

Календар на настани

Повеќе

Нарачај сервис

Повеќе

Become our partner

Promedika is a provider of healthcare products and services and one of the leading companies in its field in The Republic of Macedonia...

More

Промедика лаб

Повеќе

Работилница со мајсторот на естетиката Hilal Kuday

Промедика Ве поканува
На работилница со мајсторот на естетиката Hilal Kuday
04. - 05. Април 2019
Промедика едукативен центар ( 3-ти спрат)
Места: 10
Цена: 450€

Апликација на керамички маси на антериорни заби користејќи ја техниката на микронаслојување на керамика

Минимално инвазивната техника на препарација стекнува се поголема популарност во стоматологијата особено кога се во прашање антериорни заби. Како забни техничари од нас се очекува да ја реконструираме природната дентиција и да го постигнеме очекуваниот естетски резултат иако просторот е лимитиран.

Материјалите кои ги користиме треба да ни овожможат да ја имитираме природата во цервикалната регија, но во исто време треба да ни овозможат светлосни ефекти и транслуценција потребни во естетската регија.

Микронаслојувањето е најраспространетата техника за фабрикација на безметални реставрации, одлични естетски резултати може да бидат постигнати на конструкции од литиум дисиликат. За да се изведе оваа процедура во ефективен и ефикасен начин ни требаат наведувања и правила кои мора да ги следиме.

На оваа работилница ќе бидат опфатени следните теми:

  • Препарација на површината и формата на конструкцијата
  • Разбирање на линиите на транзиција
  • Разбирање на транслуценцијата и светлосните ефекти на материјалот кој се користи
  • Подготовка на керамичките маси со различни нијанси на боја и светлосни ефекти со цел да се постигне очекуваниот естетски резултат кај пациентот
  • Различни нивоа на транзиција во инцизалната третина
  • Карактеризација на фасетираните слоеви со фарби
  • Креирање на транслуценција кога просторот е лимитиран
  • Креирање на различни површински текстури и степени на површински сјај врз избраната морфологија

Партиципантите треба да понесат:

  • 1. Таблет или смарт телефон (ќе се споделуваат дигитални документи, цртежи, табели за мешање и слики)
  • 2. Задолжително е-маил
  • 3. Инструменти за обработка ( фрези, дијамантски борери, гумици за обработка на гипс и керамика ) ( задолжително )
  • 4. Плочка за керамика ( задолжително )
  • 5. Четки за керамика, пеани и скалпел (задолжително)
  • 6. Моливи црвен и плав и артикулациона хартија

Hilal Kuday CV

Акции/Промоции

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Fb widget