Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Нарачка на стоматолошки материјали или опрема

Телефон: 02 3248 403

Нарачка на заботехнички материјали или опрема

Телефон: 02 3248 440

Информации за испораката на Вашата нарачка

Телефон: 02 3248 401

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

До кого сакате да испратите порака

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Стоматологија
promedika logo

пребарај

Ankylos – докажан квалитет...

Производи

Календар на настани

Повеќе

Нарачај сервис

Повеќе

Become our partner

Promedika is a provider of healthcare products and services and one of the leading companies in its field in The Republic of Macedonia...

More

Промедика лаб

Повеќе

Ankylos – докажан квалитет повеќе од 30 години

Анкилос системот е иновиран 1985 година од страна на Prof. Georg-Hubertus Nentwig и Dr. Walter Moser за време на Октоберфестот во Минхен во текот на една пиво сесија. Оваа успешна приказна треба секого да го мотивира, бидејќи креативните и иновативните идеи најдобро се случуваат во релаксирана атмосфера.

Од 1986 година системот е во клиничка употреба и овој месец во Франкфурт ќе се одбележи 30 години постоење.
Dr. Frank Maier од Тибинген – Германија е меѓу подолгогодишните Анкилос корисници и преку следната дискусија ги сумира предностите и придобивките на Анкилос имплатниот систем.

Dr. Mаier, конусот како механичко стабилен конективен елемент на Анкилос системот е главна особина помеѓу имплантот и абатментот. Што Ве убеди најмногу во оваа геометрија?

Dr. Frank Maier – тоа ми осигурува естетски долготрајни стабилни резултати без иницијална коскена ресорпција, како и спречување на придружна загуба на периимплантното ткиво. Посебно ова е важно во естетската антериорна регија, тоа може да биде од витално значење за успешна имплантно-протетска рехабилитација. Како резултат на стабилната конусна конекција, Анкилос може да биде позициониран суб-крестално и поради тоа се формира коска врз имплантното рамо. Исто така, промената на платформата или познато како platform-switching е својствена за имплантите со конусна конекција. 

Дали резултирачката крестална коскена ресорпција може да биде избегната со промената на платформата и со конусната конекција?

Dr. Frank Maier – Апсолутно! Преоптоварувањето на имплантното рамо и последователно коскената ресорпција може да биде превенирана со промена на платформата (platform-switching). Микродвижењата не се случуваат во имплант-абатмент конекцијата кај Анкилос и системот се однесува како да е од еден дел. Повеќе истражувања на имплант-абатмент конекцијата укажуваат на предностите на ваквиот само-заклучувачки конус кој влијае на имплантното оптеретување и коскената ресорпција.

Кои предности би сакале да ги истакнете ако погледнете наназад низ сите овие години на искуство со Анкилос?

Dr. Frank Maier – За мене едноставноста на системот е главна предност. Мекото ткиво лесно може да се оформи со гингивоформер или со привремен абатмент, овозможувајќи стабилна ткивна конекција. Позицијата на рабовите на коронката единствено се одредува со абатментот. Ова значи дека после заздравувањето постојат неколку милиметри со кои може да го менаџираме крајниот естетски резултат (emergence profile).
Исто така, Анкилос е еден од ретките системи кој изобилува со богата клиничка датотека. Интересно е дека системот напредуваше низ годините, а конусот остана непроменет.
Не помалку важно да се напомене е и фактот дека Анкилос изобилува со многубројни протетски решенија.

Надоврзувајќи се на протетските решенија со Анкилос C/X, имплантолозите можат да изберат помеѓи неиндексиран C и индексиран X абатмент. Кои предности ги гледате со појавата на индексираниот абатмент?

Индексот на X абатментите овозможува прецизен трансфер на абатментот од моделот во устата на пациентот. Исто така, го поедноставнува работењето на забниот техничар. На пример кај реставрација за мост индексот овозможува прецизен пренос на позицијата од моделот во устата на пациентот без користење на акрилатен клуч - како што е случајот кај неиндексираните C абатменти. Во секојдневната пракса најмногу ги користам X абатментите, додека кај имедијатни реставрации ги преферирам неиндексираните С абатменти.

Dr. Maier ви благодарам за интервјуто.


Клиничка документација на Анкилос имплантниот систем од изминативе 30 години
Клиничките студии изведувани во период од 1 до 8 години следење, покажуваат дека Анкилос имплантите имаат

  • Висока стапка на успешност од 94-100%, или просечно 97,3%. Студијата е изведена на 12 500 импланти со 25 години документирано клиничко следење.
  • Високата стапка на успешност се темели на:
  • специјалната технологија на Friadent Plus имплантната површина која овозможува рана осеоинтеграција и оптимален контакт на имплантот со коската
  • на прогресивниот навој кој овозможува пренос на оптеретувањето на апикалниот дел од имплантот кој пак осигурува примарна стабилност и можност за моментално оптеретување
  • Tissue care конекцијата
  • Oдлична примарна стабилност кај Анкилос имплантите. Просечната вредост на торкот за инсерција на имплантот изнесува од 28,8 - 47,5 N/cm²
  • Загубата на маргинална коска после 1 година изнесува од 0,01-1,32 mm. после 2 години од 0,21-0,78mm., а после 3 години околу 0,6mm.

 Dr. Aneta Pecanov - dentist and trade journalist
 Dentinform-Zahnmedizin kommunizieren
 Bonn, Germany
 www.dentinform.de

 

 

 

 Dr. med. dent. M. Sc. Frank Maier,
 Zahngesundheit in Loretto,
 Tuebingen, Germany
 www.zahngesundheit-im-loretto.de

 

 

 

 

Акции/Промоции

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Fb widget