Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Медицина

Телефон: 02 3248 400

Факс: 02 3248 401

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил
promedika logo

пребарај

Maybe Baby

Центар за третман на рани и стома

Повеќе

 

Maybe Baby

ПОБАРАЈТЕ ГО ВО ПРОМЕДИКА ФАРМ и  СИТЕ ПОДОБРО СНАБДЕНИ АПТЕКИ!

Што е Maybe Baby ™ ?

Maybe Baby ™ е тест за овулација за повеќекратна употреба кој може да Ви помогне да забремените. Тестот Ви помага да ги одредите плодните и неплодните денови, односно да дознаете кога овулирате, со што Ви се зголемуваат шансите да забремените. Работи на тој принцип што ја открива шарата која се појавува во исушена плунка, а е предизвикана од зголеменото ниво на естрогените хормони за време на овулацијата. Како што се суши плунката, високите нивоа на естроген предизвикуваат појавување на шара во вид на лист од папрат која што лесно може да се забележи преку Maybe Baby™ мини- микорскопот.

Телото на секоја жена е различно и многу жени немаат циклус кој трае точно 28 дена. Тестот за овулација Maybe Baby е 98% прецизен ако правилно се користи и може да го посочи најплодните период од репродуктивниот циклус , односно Ви кажува дека ќе овулирате 2-3 дена однапред со што се зголемува можноста да забремените.

Maybe Baby™ е едноставен, 98%  прецизен тест наменет за повеќекратна употреба. Има големина на кармин заради кое е многу дискретен и може да се лесно да се пренесува. Тоа е неинванзивен продукт без хемикалии, а резултатите се видливи по 10-15 минути.

За кого е наменет Maybe Baby ™ :

  •     Парови кои сакаат да имаат дете и имаат потреба да знаат кога зачнувањето е најверојатно
  •     Парови кои не сакаат да имаат дете
  •     Парови кои сакаат природен метод на контрацепција за време на плодните денови и за време на плодните денови користат презервативи или се воздржуваат од полов однос.
  •     Парови кои сакаат да го водат нивниот интимен живот без стрес
  •     Парови кои сакаат поголема веројатност од посакуваниот пол на децата кои треба да се родат
  •     Жени кои знаат дека мерење на базалната температура е непрактично, некомфорно и дава податок за завршена овулација
  •     Жени кои сакаат редовно да го пратат својот месечен циклус и работата на своите јајници со цел благовремено да се откријат или спречат можно пореметувања
  •     Жени со неправилен менструален циклус
  •     Жени кои не сакаат да користат хемиски контрацептиви и се плашат од нивното штетно дејство или не ги поднесуваат психолошките промени кои ги предизвикуваат контрацептивите
  •     Жени кои водат неуреден живот
  •     Девојки кои стапуваат во полна зрелост


Како се употребува?

Шема на расклопен Maybe Baby ™ 



1. Извадете го капачето 

              


2. Извадете го  визирот  (2)




3. Исчистете ја рамната внатрешна површина на визирот (2.2) со чиста крпа (не употребувајте вода и хемикалии)




4. Нанесете слој плунка на рамната внатрешна површина на визирот (2.2). Осигурајте се дека нема меурчиња и оставете да се исуши (5 до 10 минути)


5. Вратете го визирот во куќиштето




6. Притиснете го копчето за светлина (4.1) и истовремено вртете  го визирот за фокусирање додека линијата не биде јасно видлива.



Преземете упатство за употреба

Како да направите разлика помеѓу плоден и неплоден период?
До модификација на патеката со форма на лист од папрат може да дојде во следниве ситуации:

Мини-микроскопот дозволува набљудување на плодниот период за да можете да планирате зачнување.

Така наречениот „папрат-феномен“ ( fern-phenomenon) беше откриен во 1957 година од италијанските доктори Андреоли и Дела Порта (Andreoli and Della Porta) од Универзитетот во Торино. Овие лекари откриле дека нивото на сексуалниот хормон естроген може да биде детектиран преку визуелно набљудување на примерок од исушена плунка под микроскоп. При високи нивоа како оние кои се присутни при овулацијата, кристализираниот естроген се прикажува како патека која личи на лист од папрат.

Maybe Baby ™ е прецизен инструмент кој содржи микроскопска леќа за испитување на плунката под светлина која доаѓа од LED светлосен извор. Кога естрогенот е присутен (плоден период), патека во форма на лист од папрат може да биде јасно видена низ Maybe Baby ™ визирот (Ц).


Типичен циклус на жената

Типичниот женски менструален циклус трае околу 28 дена. Во првиот дел од циклусот, фоликулот расте во јајниците и станува јајце клетка или овум. Околу 14 дена по почетокот на последниот месечен циклус (менструација) и 15 дена пред почетокот на следниот месечен циклус, покачените нивоа на естроген доведуваат до ослободување на јајце-клетката од јајниците. Овој процес е познат како овулација. Заради единствените биолошки карактеристики на јајце клетката, оплодувањето е можно само до 24 часа по овулацијата. Затоа што спермата има животен век од еден 1 до 4 часа, оплодувањето е можно само ако сексуалниот однос се случи во период од 4 дена пред и два 2 дена по овулацијата.

Услови за употреба и начин на чување

Инфекциите во оралната и фарингeалната шуплина може да доведе до неточни резултати. Внатрешното стакло на визирот (2.2) мора да биде внимателно исчистено пред да се изврши тестирањето. Стаклото треба да биде проверено пред да се нанесе плунката. Од хигиенски причини, Maybe Baby ™ треба да се употребува од страна на само едно лице. Мини-микроскопот мора да биде заштитен од прашина, топлина и влага и мора да биде чуван на суво место. Набљудувањето на плодните и на неплодните периоди кај жената мора да биде изведувано на температура од 5 до 35⁰ C. Доколку не можете да го одредите плодниот период или доколку не може да се постигне бременост иако ги следите препорачаните плодни денови, ве молиме консултирајте се со гинеколог.
До модификација на патеката со форма на лист од папрат може да дојде во следниве ситуации:

  •     По непосредно прекинување на орална контрацепција;
  •     За време на употреба на Т-бакарни контрацепциски спирали;
  •     При заболувања и примање на терапија со супстанци кои ја менуваат структурата на      лигавицата;
  •     За време на земање на производи за искашлување;
  •     По конзумација на алкохол, тутун, паста за заби или средство за плакнење на устата.



Технички карактеристики

Maybe Baby ™ e оптичка направа, односно мини микроскоп за индивидуална употреба со димензии на кармин. Содржи микроскопски окулар со квалитетна оптика со висока резолуција која зголемува 52 пати и со која се набљудува сликата која ја дава исушена плунка. Плунката се нанесува на предметното стакло и се остава да се исуши. Исушениот примерок од плукната се осветлува со светлото од LED диодата кое поминува низ стаклото, а се активира со притискање на копчето кое е сместено од долната страна на куќиштето. Окуларот овозможува изострување на сликата и диоптриско нагодување за +/-5 диоптрија. Напојувањето е со две стандардни копче батерии од типот SR44. Направата е конструирана по анализата на карактеристиките на направите за иста намена од најголемиот дел на производители во светот.  Конструкцијата на оптичкиот дел го чини единствен на светскиот пазар и во однос на конкуренцијата овој апарат на корисниците им овозможува неспоредливо поедноставна употреба и сигурно толкување на микроскопската слика од примерот од плука.

Ослободување од одговорност

Дистрибутерот не е одговорен за погрешната употреба или за неправилната интерпретација на резултатите.
Maybe Baby ™ треба да се употребува само како помош при семејното планирање а не како средство за контрацепција.
Maybe Baby ™ е тестиран во реномирани медицински институции во Европа за да се потврди неговата веродостојност.

Промена на батериите

Завртете го куќиштето за светилката (4) во насока спротивна на стрелките на часовникот и повлечете. Ставете 2 батерии од типот SR44. вратете ја назад основата и заклучете ја во нејзината позиција со вртење во насока на стрелките на часовникот. Употребените батерии треба да бидат соодветно фрлени.

Гаранција

  •      Maybe Baby ™ е гарантиран според условена гаранција.
  •      Гаранцијата се однесува само на дефектни производи.
  •      Замената на дефектен производ е загарантирана со рок од 12 месеци од датумот на купување.

 

Акции/Промоции

Повеќе

Нарачки

Fb widget