- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- НОВОСТИ
- Во медиумите
- Контакт
Неуропедијатрија
ПовеќеСистематски прегледи
ПовеќеЛасерска епилација
ПовеќеМедицински транспорт
ПовеќеДве третини од човечкото тело е вода. Водата учествува во многу функции, ги подмачкува зглобовите и очите, ја одржува кожата здрава со елиминација на отровите и одржување здрава дигестија. Кога телото губи вода, треба да се надокнади за да се одржи рамнотежата меѓу солите, минералите, глукозата за одржување на биолошките процеси да работат оптимално. Водата е суштински дел од секојдневниот живот. Кога телото станува дехидрирано драстични промени може да се јават. Се намалува ткивната течност на мозокот што може да води до промени во волуменот на мозокот. Крвта станува погуста и срцето треба потешко да работи. straining your cardiovascular system. Дехидратацијата ја компромитира способноста на телото да ја регулира телесната температурата.
Губиток на 1 до 2 % од водата може да предизвика жед, знак дека треба да се надокнади изгубената течност. Умерена дехидратација може лесно да се третира, но ако достигне екстремно ниво, може да е животно загрозувачка.
Блага до умерена дехидратација - сува кожа, сува, леплива уста, замор, главоболка, зашеметеност, вртоглавица, поспаност, запек, намалена количина на урина и солзи, мускулни грчеви.
Тешка дехидратација - екстремна жед, низок крвен притисок, срцебиење, забрзано дишење, иритабилност, конфузност, потонати, вдалбнати очи, сува кожа која не се враќа кога ќе се штипне, треска, мала количина темна урина, делириум, бесвесност во тешки случаи. Хроничната дехидратација може да води до создавање на каменчиња во бубрезите, запек и грчеви поради електролитна нерамнотежа.
Има многу причини за дехидратација, генерално се јавува поради губиток на многу течности и не внесување доволно течности. На пример, интензивна физичка активност води до профузно потење и губиток на вода, за да се надомести губитокот неопходна е соодветна хидратација.
Секој е подложен на дехидратација, но некои имаат поголем ризик. На пример, ризикот е поголем при напорно вежбање. Особено е тешко за планинарите да останат хидрирани бидејќи притисокот на високи надморски висчини прави повеќе да се потат и дишењето е отежнато. Професионални спортисти, особено маратонци и натпреварувачи на велосипедски турнири се предиспонирани на дехидратација. При интензивен физички напор дури и мала дехидратација ги нарушува кардиоваскуларните и терморегулаторните одговори.
Постарите лица се со голем ризик за дехидратација бидејќи со возраста слабее механизмот на жед. Лицата со деменција исто така се со зголемен ризик.
Лица со хронични болести кои предизвикуваат често мокрење како дијабетес и болести на бубрезите може да се со зголемен ризик за дехидратација.
Важно е веднаш да се надокнади водата.
Секогаш имајте шише вода кога имате напорна физичка работа, вежбање, особено при жешко време. Добро правило е да се пие вода толку за да урината биде светло жолта. Темна урина значи дека бубрезите ги задржуваат течностите во обид да има доволно за нормално функционирање на организмот.
Обрнете посебно внимание ако сте болни и имате треска, температура, повраќање или дијареа. Ако не можете да внесете доволно течности преку уста треба да се јавите на доктор.
Водата чувајте ја во стаклени шишиња, пластичните содржат бисфенол А, бисфенол Б и фталати кои се штетни за организмот. Ако сакате да пиете нешто различно од вода одлучите се за свеж сок од зеленчук и овошје.
Нормален, здрав човек уринира 7-8 пати на ден. Ако ретко уринирате значи дека не пиете доволно вода. Човек тежок 63кг. треба да испие 2 л. вода на ден, од 72 кг. би требало да испие 2.3 л., од 90кг. - 3л. Никој подобро од вас самите не може да одреди дали сте доволно хидрирани. Ако чувствувате жед или интензивно се потите тоа е знак дека треба веднаш да се дополните со вода. Не чекајте да се јават посериозни симптоми на дехидратација.
Др. сци. мед. Маја Милованчева-Поповска
специјалист по интерна медицина - нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар