- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Дијабетесот е хронична болест која настанува поради недостаток на инсулин.
Инсулинот е хормон кој се лачи од панкреасот и е неопходен за живот. Со негова помош гликозата влегува во секоја клетка и ја храни.
Неговиот недостаток ќе доведе до пореметување на метаболизмот, не само на јаглените хидрати туку и на белковините и мастите.
Постојат два типа на дијабетес:
Тип 1 - јувенилен инсулино зависен, кој се јавува во детска возраст
Тип 2 – дијабетес на возрасни, кој може да се јави и во детска возраст, а е поврзан со дебелината и животните навики.
Се јавува во детска возраст, вообичаено меѓу 12-14 година, но може и многу порано (нашиот најмлад пациент имаше 2.5 години). Настанува наеднаш и точната причина не е позната. Се смета дека е автоимуно заболување, при кое имуните клетки кои треба да штитат од бактерии и вируси, одеднаш ќе се свртат кон панкреасните клетки, кои продуцираат инсулин и ќе ги уништат. Некои вируси можат да имаат улога како покренувачи на овој процес. Начинот на исхрана нема никаква улога во настанување на овој тип дијабетес.
Се манифестира со три главни симптоми:
Поради пореметениот метаболизам, место да се согоруваат шеќерите се согоруваат мастите и има зголема продукција на ацетон и кето тела, па детето почнува да мириса на ацетон. Тоа е дехидрирано, суво, може да има мачнина, повраќање и болки во стомакот. Неретко, болеста може да напредува брзо и да го доведе детето во кома. Основната лабараторија ќе покаже зголемен шеќер во крвта и шеќер и кето тела во урината. Исто така има и зголемени масти во крвта.
Лекувањето на овој тип дијабетес е исклучиво со инсулин. Многу е важно спроведување на хигено-диететски режим, со правилно планирање на оброци и активности со цел да се овозможи уреден раст и развој на детето. Важна е и едукацијата на родителите и психолошката поткрепа на целото семејство. Лекувањето е доживотно и комплексно, нималку лесно. Треба секојдневно детето да се боцка со инсулин повеќе пати, да се надгледува шеќерот во крв и урина и да се брои калорискиот внес. Добрата контрола на болеста го намалува ризикот за појава на можните бројни компликации.
Овој тип дијабетес повеќе се јавува кај возрасните, но сé почесто го среќаваме и кај децата. Точната причина е исто непозната. Сепак јасно е дека кај овие лица шеќерот не се метаболизира правилно. Инсулинот или не се произведува доволно или организмот станува резистентен на него. Како резултат на тоа се зголемува шеќерот во крвта и се согоруваат мастите. Симптомите се исти, но се развиваат постепено.
Ризик фактори за овој тип дијабетес кај децата се:
Поради современиот начин на живот - исхрана со висококалорична нездрава храна и многу малку физичка активност децата се со зголемена телесна тежина и сé почесто сме сведоци на појава на дијабетес тип 2 и кај нив.
Компликациите се бројни: покачен крвен притисок, покачени маснотии во крвта, замастување на црниот дроб, покасно во животот се јавува заболување на бубрезите, кардио-васкуларни и церебро-васкуларни заболувања.
За среќа, со промена на животниот стил кај децата: со нормализирање на телесната тежина, со здрава исхрана и зголемена физичка активност може да дојде до повлекување на симпотмите и избегнување на сериозните компликации.
Терапијата на овој тип дијабетес е:
Иако симпотмите на двата типа дијабетес се исти, сепак, се разликуваат според причината, брзината на настанување, возраста, начинот на лекување и прогнозата. Многу е важно да се препознаат симпомите, навреме да се направат испитувања и да се постави дијагноза и да се почне со соодветна терапија.
Др Весна Ѓорѓеска специјалист педијатар, Промедика Медикал Центар.