Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Крв во урината

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Крв во урината

Крв во урината (хематурија) - знак на сериозни болести

Крв во урината (хематурија) е еден од најчестите наоди во урината. Во амбуланта позитивна (+) реакција на дипстик е прв знак за хематурија. Ако се потврди треба да се најде причината и да се третира.

Крв во урината секогаш е алармантен знак и пациентот брзо се јавува на доктор. Може да е од било кој дел на уринарниот тракт и може да е знак за сериозна болест.

Микроскопска хематурија вообичаено се наоѓа случајно, при рутински преглед на урината.

Јасна или видлива (макроскопска) хематурија може да резултира и од само 1мл крв во 1л урина и затоа бојата на урината не рефлектира колку крв се губи. Нормално околу 1 милион Ер поминуваат во урината за еден ден што води до наод на 1-3 Ер на видно поле при преглед на урината.

Состојби и субстанци кои може да водат до црвена уринаː цвекло, боровинки, лекови.

Етиологијата и патофизиологијата на хематуријата варираат. Гломеруларна хематуријата потекнува од нефронот (основна градбена единица во бубрегот за прочистување на крвта). Оштетена е филтрационата бариера која пропушта Ер. Oштетувањето е предизвикано од инфламација или имунолошки процес.

Наод на еритроцитни цилиндри во урината е знак за сериозна болест.

Причини за гломеруларна хематурија сеː гломерулопатии, Алпорт синдром, ИгА нефропатија, Хемолитичко-уремичен синдром, Постинфективен ГН, Лупус нефритис, Хенох-Шонлеин пурпура.

Кај екстрагломеруларната хематурија зафатен е уроепителиумот со иритација, инфламација, инвазија (малигнитет), каменчиња кои предизвикуваат ерозии, траума, инфекција, лекови, цисти, инфаркција.

Хемикалии може да предизвикаат токсично оштетување, дисрупција на бубрежните тубули.

Кај возрасни (над 50г.) хематуријата често е знак на малигнитет на генитоуринарниот тракт – тумори на бубрег, на бешика, на простата. Дури и транзиторна хематурија носи голем ризик дека се работи за канцер и бара понатамошно иследување.

Хематуријата може да бидеː

1. видлива, јасна, макроскопска (розева, црвена, темна како пиво или чај или кока кола) или микроскопска

2. асимптоматска или симптоматска (без или со симптоми)

3. транзиторна или перзистентна, постојана

4. изолирана или асоцирана со други промени во урината (протеинурија). Причини за негломеруларна хематурија сеː

  • температура
  • интензивно вежбање
  • менструација
  • страни тела
  • инфекции на уринарниот тракт
  • хиперкалцурија/уретеролитијаза
  • Sickle cell болест
  • коагулопатија
  • тумори
  • лекови/токсини
  • анатомски абнормалности (хидронефроза, АПББ, васкуларни абнормалности)
  • хиперурикозурија.

Знаци и симптоми

Прв чекор е детална историја (анамнеза) и физички преглед, да се види дали хематуријата е од гломеруларно или екстрагломеруларно потекло.

Гломеруларна хематурија - кафена урина, ЕР цилиндри, дизморфични еритроцити (мали, деформирани, фрагментирани) и протеинурија. Перзистентна е, вообичаено нема коагулуми

Негломеруларна хематурија - црвена или розева урина, коагулуми, нормални еритроцити.

Лабораториски иследувања и дијагноза

Дип стрип анализа е обавезна за сите со темна/црвена/розева урина, детектира 1-5 Ер на поле.

Микроскопски преглед на седимент на урина - Ер и цилиндри. Отсуство на Ер и Ер цилиндри и покрај позитивен дип стик сугерира хемоглобинурија или миоглобинурија.

Други клеточни елементи во урина – леукоцити (Ле), Ле цилиндри, бактерии, протозои зборуваат за инфекција на уринарен тракт.

Дизморфични Ер – укажуваат на гломеруларна хематурија.

Останати иследувањаː уреа, креатинин, урична киселина во крв; хематолошки и коагулациони тестови, број на тромбоцити; серолошки тестови (АСТ, АНА, дсДНА); уринокултура, цитолошки наод на урина, цистоскопија.

Ултрасонографија – за цисти, калкули, карцином, абнормалности на уринарниот тракт, хидонефроза, хидроуретер, уролитијаза, нефрокалциноза, тумор. Брзо, неинвазивно, лесно изводливо, нема зрачење.

Компјутерска томографија – за тумори, уретеролитијаза, Адултна полицистична бубрежна блест (АПББ)

Интравенска урографија.

Биопсија на бубрег се прави при сомнение за гломеруларна хематурија.

Третман

Општ принцип за третман е:

хематуријата е знак – не е болест сама по себе, терапијата е насочена кон причината.

Хируршка интервенција е потребна при анатомски абнормалности, тумор, уролитијаза.

Лица со перзистентна микроскопска хематурија треба да се мониторираат на 6-12 месеци за појава на знаци или симптоми индикативни за прогресивна бубрежна болест.

Треба да се иследи секоја јасна хематурија иако нема симптоми.

Прогноза

Прогнозата на болните зависи од причината, дали е откриена на време и како се третира.

Ризик фактори за појава на хематурија сеː пушење (канцер на бешика), хемикалии (бензени, ароматични амини), возраст над 40г., фамилијарна историја, инфекција, злоупотреба на аналгетици, аспирин, НСАИЛ, антибиотици; зрачење во мала карлица, мажи над 50г., напорно вежбање.

Во 25% случаи се работи за инфекција на уринарниот тракт, а во 20% случаи се каменчиња.

Марш хемоглобинурија

Се јавува поради механичко оштетување на еритроцитите (Ер). Иако еритроцитите се флексибилни во одредени услови може да се оштетат - при повторувачки механички движење како пролонгиран марш, трчање маратон (од стопалата), удирање на Бонго тапани (од рацете).

Причината е механичка траума и хемолиза (распад) на Ер. Кај овие пациенти има дефект на мембраната на Ер, хемоглобинот (Хб) се ослободува од оштетените Ер и се филтрира во урината.

Не е патолошка состојба но може да води до блага железо дефицитна анемија.

Не е потребен третман но се препорачуваат добри обувки и редукција на физичката активност.

Др. сци. мед. Маја Милованчева-Поповска специјалист по интерна медицина - нефролог ПЗУ Промедика Медикал Центар

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти