Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Каротидна болест

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Каротидна болест

Каротидна болест и нејзината поврзаност со мозочниот удар и
миокардниот инфаркт

Артериите на вратот, каротидни артерии, излегуваат од аортата и го снабдуваат мозокот со крв и кислород. Поставени се површно и нивното пулсирање може да се напипа од двете страни на вратот.

Атеросклерозата е во основа на каротидната болест. Каротидната болест е маркер за системска атеросклероза со висок ризик од настанување на мозочен удар, миокарден инфаркт и воопшто смрт од кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања.

Атеросклерозата е генерализирана болест но кај различни индивидуи покажува поголем афинитет кон различни сегменти од артериското стебло. Во зависност од тоа доминира клиничка слика на каротидна, коронарна или периферна артериска болест. Сите ризик фактори одговорни за настанување на коронарната болест важат и за каротидната болест (хипертензија, хиперлипидемија, дијабет, пушење, дебелина, физичка неактивност).

Како кај артериите кои го снабдуваат срцевиот мускул, така и кај вратните артерии доаѓа до формирање на масни наслаги на ѕидот и стеснување на луменот до потполно прекинување на крвиот проток. При тоа мозокот страда за кислород. Доколку тој процес оди постепено, настануваат симптоми слични како кај градната болка – транзиторни исхемични атаки кои се карактеризираат со краткотрајни (неколку минути, часови) потешкотии во говорот, трнење на едната рака и/или нога како и едната страна на лицето. Истите тие симптоми, но со појак интензитет и често придружени со млитавост/одземеност на едната страна од телото, губење на рамнотежата, конфузност до губење на свеста, губење на видот на едното око, настануваат при нагло, потполно прекинување на крвиот проток низ вратната или мозочната артерија, односно при настанување на мозочен удар

Можна е и атипична симптоматологија. Навидум лесни вртоглавици, зуење во ушите, краткотраен губиток на свеста, може да го наведе пациентот но и докторот, да го насочат своето внимание во погрешен правец - упатување на оториноларинголог поради зуење во ушите или упатување за рентгенграфија на вратниот дел од рбетниот столб, поради сомнение за спондилоза.

Поради ова, навременото откривање на каротидната болест, дефинирање на степенот на стенозата и правилната селекција на високо- ризичните пациенти за инвазивен третман, претставуваат главна цел на тимот лекари-кардиолози, невролози, васкуларни хирурзи.

Дијагнозата на каротидната болест

За дијагноза на каротидната стеноза се користистат следните методи – доплер сонографија, каротидна ангиографија, компјутеризирана ангиографија, магнетна резонанца и церебрална ангиографија.

-Доплер сонографија - за процена на протокот низ вратните артерии и степенување на стенозата. Со својата едноставност, брзина и неинвазивност, доплер сонографијата овозможува прецизна информација и претставува дијагностички метод на избор. Нејзината примена придонесува за намалување на кардиоваскуларниот и цереброваскуларниот морбидитет и морталитет.

-Каротидна ангиографија – со примена на контрастно средство аплицирано преку катетер поставен во перферна артерија (најчесто на раката) до каротидната артерија, попрецизно се одредуваа протокот на крв низ вратните и мозочните артерии како и на степенот на стенозата.

-Компјутеризирана ангиографија или МР ангиографија со примена на контрастно средство на база на јод, преку периферна вена (на раката) во комбинација со Х-зраци и КТ скенер.

Др. сци. мед. Славица Митровска
специјалист по интерна медицина
ПЗУ Промедика Медикал Центар

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти