Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Да бидеме подобри родители...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Да бидеме подобри родители на нашите дeца

Сигурно голем дел од нас како родители барем еднаш си го кажале на глас или пак длабоко во себе го почувствувале и помислиле следново: “Никој не го знае моето дете подобро од мене”. И секако, во најголем дел од случаите – во право сме. :) Од каде тогаш се јавува оваа потреба да си покажеме и докажеме на себе и на другите дека тоа е навистина така? Ова чувство особено доаѓа до израз кога сме опкружени со разни советници од најблиското опкружување, како на пример, бабите, тетките, пријателките, но и оние од поширокото опкружување, како на пример, комшивки, продавачки и случајни минувачи. Овие совети понекогаш може да ни се навистина добредојдени, корисни и да ги прифатиме со отворено срце. Но, понекогаш може и да не налутат бидејќи ние имаме чувство дека “таму некаде” постои сомнеж во нашите родителски способности. А кој тоа го знае моето дете подобро од мене? :) Голема е веројатноста дека во вториов случај ќе имаме отпор кон тој совет, понекогаш можеби дури и кон таа личност.

На “другата страна на паричката” се родителите кои континуирано се обвиени од маглата на стравот и несигурноста, кои плашливо ги прават сите чекори и кои непрестано се прекоруваат и измачуваат себеси за секоја “грешка” која се однесува на нив самите, на децата или пак на целото семејство.

Автентично родителство

Кога создаваме ново семејство, постарите членови од семејствата сакаат и понатака да бидат присутни во нашите животи и по нешто да не научат, да не посоветуваат и да помогнат. Помошта е добредојдена, но треба да имаме во предвид дека во едно ново семејство се потребни здрави граници и дека ние не сме и не треба да бидеме апсолутни копии на нашите родители каде што само ќе прифаќаме инструкции, бидејќи така ќе ја загубиме нашата автентичност. Најдоброто што можеме да го направиме е да ги разгледаме и прифатиме добронамерните совети без притоа истите да ги чувствуваме како некаков тип на закана или како оценка за тоа колку сме вешти во родителствувањето. Всушност, голем дел од овие родителски вештини се пренесуваат и токму така, преку искуството од претходните генерации. Во сето ова искуство се вклучени однесувањата на родителите како воспитни примери, домашните лекови и потребни материјали за нега на децата, како и сите оние домашни рецепти започнувајќи од правењето на едноставни и секојдневни оброци па се до вкусните домашни колачи и здрави ужинки. И сето ова знаење, пренесено од “колено на колено”, е вистинска ризница и богатство за која треба да сме неизмерно благодарни.

Вистината е дека повремено сите родители чувствуваат несигурност и страв, стоејќи исправено на патот полн со предизвици, наречен родителство. Но, она на кое што треба редовно да се потсетуваме сите како родители е дека никој не се родил како родител, туку станал родител и дека треба повеќе да си веруваме на себеси и на нашите длабоки инстинкти, за тоа што е добро за нашите деца, а што не е. Сите родителски вештини се развиваат од искуството и од едукацијата, а она кое што треба да го имаме секогаш при ум треба е дека сите ќе направиме грешки – на тој начин учиме и растеме и ние како родители.

Иако дел од грижата и анксиозноста што ја чувствуваме како родители веројатно е дека ќе остане со нас засекогаш, сепак, со текот на времето, со стекнувањето на се поголемо искуство, со учењето на нови вештини, со посетување на едукации и читање на соодветна литература, нашата самодоверба како родители расте, подобро го запознаваме нашето дете и повешто и побрзо ги препознаваме неговите вистински потреби.

Придружете се на група на родители

Исто така, можноста да припаѓаме на група за родители е значајна поддршка за секој родител. Во групите од овој тип освен што се стекнуваме со знаења, се поврзуваме со родителите и добиваме одговор на прашањата кои не измачуваат и заеднички ги споделуваме и решаваме потешкотиите поврзани со децата. Припаѓањето на една ваква група се покажало како навистина значаен фактор во намалување на стресот како родител. Со малку зборови кажано, поопуштен родител = поквалитетен родител. Зошто е тоа така?

Ние сме социјални битија, со самото тоа што припаѓаме на група која има заеднички интереси и со тоа што стекнуваме увид во тоа дека има и други родители околу нас кои ги делат истите или слични грижи на нашите, ние се чуствуваме повеќе разбрано, прифатено и сплотено. Припаѓањето на ваков тип на група ни помага да добиеме нови идеи и нови перспективи кои ќе ни помогнат да изградиме поквалитетен однос со нашите деца. Во исто време, да се биде член на ваква едукативна група за родителите денес би значело дополнително време во “густиот” неделен распоред, но, треба да се има на ум дека секое вложување во односот со нашите деца е влог за цел живот. Тоа на крајот би значело пoзадоволни и посмирени родители, поздрави и посреќни деца, постабилно и хармонично семејство. :)

Во нашата земја ваков тип на едукативни работилници и групи за родители веќе постојат и родителите споделуваат дека ја чувствуваат добробитта од припаѓањето на ваква група. Во овие групи родителите учат нови комуникациски вештини и стратегии за справување со различни развојни потешкотии, ги зајакнуваат нивните родителски капацитети и вештини и ја добиваат потребната поддршка, како од стручните лица, така и од сите членови на групата, со која ги споделуваат и разменуваат сопствените искуства. Родителствувањето е најодговорната, најмакотрпната и најблагородната работа која ќе ја имаме. И навистина ни се потребни и добредојдени соработка и помош, како помеѓу родителите и поширокото семејство, така и со институциите со кои нашето дете ќе биде во контакт ( градинки, забавишта, училишта). Посакувано е користење на соодветна литература и добро познавање на развојните фази на детето, бидејќи тоа ќе ги обликува и нашите очекувања од него. Да се остане отворен за нови идеи, совети и едукација, да се биде во тек со новите истражувања и литература не значи дека сме помалку вредни како родители, напротив, значи дека сме внимателни, одговорни и добро потковани за предизвиците со децата денеска.

Тоа би значело дека треба од погоре опишаните “Јас знам се и подобро од сите ” родител, и “Јас, збунет и несигурен”родител, свесно и посветено да прераснеме во “Јас секојдневно учам како да сум се подобар родител за своето дете. :)

Автор: Тина Дамеска (мом.Доковска)
Психолог, семеен и системски психотерапевт

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти