Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Накратко за дијабетот

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Накратко за дијабетот

Дијабет или шеќерна болест представува метаболно нарушување чија основна карактеристика  е хронична хипергликемија со нарушен метаболизам на јаглените хидрати, мастите и протеините, поради инсулински дефицит или инсулинска резистенција. 

 

 

Според етиологијата дијабетот се класифицира на:

-Тип 1, кој означува бета клеточна деструкција, со инсулински дефицит. 

-Тип 2 каде постои инсулинска резистенција со релативен инсулински  дефицит

-Други специфични типови како што се генетски дефекти на бета клетката, генетски дефекти на инсулинската секреција, болести на егзокриниот панкреас, ендокринопатии, дијабет предизвикан од лекови, инфекции, одредени генетски синдроми (Sy Down, Ataxia Friedreich, Chorea Huntington, Sy Klinefelter, Turner sy ..)

-Гестациски дијабет – состојба која се дијагностицира за време на бременоста, доколку дијабетот постоел пред бременоста тогаш станува збор за дијабет и бременост, а не гетсциски дијабет.

 

ПРИЧИНИ И РИЗИК ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА ТИП 2  ДИЈАБЕТ

 

  • Генетска предиспозиција
  • Дебелината и начинот на исхрана
  • Физичка не активност
  • Возраста
  • Други фактори

 

ДИЈАГНОЗА

 

Дијагнозата се поставува со детектирање на високите вредности на гликемијата  наутро на гладно (денес референтните вредности се 5.2ммол/л), како прв индикатор за понатамошни иследувања, потоа ОГТТ  тестот кој со својата специфичност ја докажува метаболната дисфунцијата. 

Соодветно на состојбата се ординира и соодветна терапија, која ја одредува и следи специјалист ендокринолог.

Како посебна метода за дијагностицирање на дијабетот, во нашата устанува се применува педометријата. Безболна краткотрајна процедура чии резултати се од огромно значење за понатамошниот третман на дијабетот. Оваа метода за сега ја има единствено во Промедика Медикал Центар.

 

 

 

 

 

 

 

ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТ

                               

  • Физичката активност е многу важен фактор како превенција за појава на дијабет. Се препорачува најмалку 40 минути физичка активност  2-3 пати во неделата за заштита од појава на дијабет;
  • Правилна исхрана, со разноврсна здрава храна, богата со протеини. Посебно важно е мајката за време на бременоста правилно да се храни. Исто така со навикнување на здрав начин на исхрана треба да се започне уште во детството, за да се избегне појавата на гојазност.
  • Треба да се избегнува храна на која организмот покажува интолеранција. Постои тест за интолеранција на храна со кој може точно да се одреди кои типови на храна организмот не ги поднесува, и треба да се избегнуваат.
  • Избегнете го пушењето. Штетно влијае на целиот организам, а воедно ја влошува инсулинската резистенција.

 

 Превземи го целиот текст во пдф (НАКРАТКО ЗА ДИЈАБЕТОТ)

 

 

 

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти