- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Златниот корен има долга историја во промоцијата на доброто здравје и долговечноста на животот. Во Сибир луѓето знаат да кажат “Оној кој пие Rhodiolaќе живее повеќе од 100 години”.
Грчкиот доктор Dioscorides кој ги напишал основите за билката прв пат ја употербил како лек за главоболка, а потоа ја применувал и како лек против замор, инфекции и импотенција. Викинзите ја користеле за зголемување на физичкиот капацитет и издржливост, кинеските императори праќале еспедиции на Сибир да донесат златен корен за да подготват лек ефикасен против грип, туберкулоза и рак.
МНОГУБРОЈНИ БЕНЕФИТИ
Екстрактот од златен корен сеуште е слабо познат на општата популација со сите негови корисни исцелителни својства. Времето на златниот корен, како злато на природата допрва доаѓа да не потсети дека превенцијата е онаа која што треба да биде избор од прв степен. Во иднина златниот корен ќе најде свое место во третман на многубројни заболувања. Златниот корен е особено корисен за:
Според информациите дадени од Московскиот “Институт за Спорт и Физичка култура”, рускиот водечки центар за истражување на атлетски перформанси докажано е дека екстрактот на златен корен овозможува моќен и сигурен поттик на физичката активност кај Олимписки атлети со инзвонредна физичка кондиција, преку начин на оксигенација (снабдување со кислород) на мозокот и мускулите и дава инзвонредно зголемување на енергетските нивоа во организмот.
ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ
Прекумерниот стрес кој е секојдневие на модерниот живот води кон хроничен стрес или пак замор кој е тесно поврзан со депресијата како и други медицински состојби за кои во основата во 80 % е одговорен стресот и депресијата како зачаран круг. Според “American Academy of Family” и “Russian Department of Family Care” околу 2/3 од сите посети во амбуланта, докторите ја препишуваат на стрес- индуцирани болести.
ПРИРОДЕН ДАР ПРОТИВ ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ
30 годишното истражување на Советските истражувачи довело до фасцинантни докази дека администрацијата на екстрактот од златен корен го стимулира ослободувањето на масните клетки од адипозното масно ткиво.
КАКО СЕ УПОТРЕБУВА
Екстрактот од златен корен кај нас во Р. Македонија го има во вид на изолиран екстракт во форма на мека желатинска капсула која содржи 200mg од екстрактот. Се препорачува кај лица постари од 18 години и тоа една мека желатинска капсула на ден, наутро пред оброк.
Кај луѓе кои го користеле препаратот има докажан антидепресивен ефект, го намалува чувството на замор и страв, го подобрува имунитетот и ги подобрува менталните функции.