Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Psoriasis vulgaris

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Psoriasis vulgaris

Псоријазата е честа хронична, генетски условена, инфламаторна дерматоза која се карактеризира со постоење на лосос црвени плаки, препокриени со сребрено бели лушпи. Плаките можат да бидат локализирани на само неколку регии, но можат да се соединат и да зафаќаат големи површини на кожата. Освен кожата често афицирани се и ноктите, а кај помал број на пациенти, псоријазата е асоцирана со ревматоидниот артрит.

Псоријазата се јавува подеднакво кај двата пола, кај различни возрасни групи. Излекувањето на псоријазата не е можно, перзистира цел живот, со тенденција за подобрување во летниот период и егзацербација (влошување) во зимскиот. 

 

Во етиологијата на ова заболување важна улога имаат наследните фактори (8-10% степен на наследување со еден псоријатичен родител, и 30-40% со два такви родители). Како тригер фактори можат да се јават егзогени причинители: физичка траума, вакцинација, оперативна инцизија, убоди од инсекти, рентген зрачење, хронично оштетување на кожата со разни хемикалии од лекови и козметика. 

 

 

Ендогени фактори кои ја иницираат псоријазата се инфективните болести, особено стрептококните репираторни инфекции, кои ја провоцираат гутатната псоријаза; вирусни инфекции, акутен тонзилит, фарингит, бронхит и HIV инфекцијата како провокатор на псоријазата. Болеста може да биде иницирана и од лекови: системски кортикостероиди, орален литиум, антималарици, интерферон, β- адренергични блокери. Други тригер фактори се емоционални стресови, хормонални дисбаланси (пубертет, бременост, менопауза), разни диети, како и климатските фактори.

Во патогенеза на псоријазата се зборува за воспалителен дермален инфилтрат и активен псоријатичен епидермис кој е со зголемена клеточна функција (продукцијата на нови клетки е зголемена за 20-30 пати, доведувајќи до зголемен епидермален волумен, па така времето на движење на клетката од базата до површината на епидермисот е скратено од нормални 28-30 дена, на 3-4 дена.)

Псоријатичната лезија започнува како мала црвеникава папула-точка, препокриена со бела лушпа, која покажува тенденција за ширење и формирање на типична еритемосквамозна плака (плоча). Псоријазата покажува симетрична дистрибуцаија со предилекција на лактите, колената, косматиот дел на главата, сакралната регија и ноктите, но може да се јави и на било кое друго место, а текот може да биде акутен или субакутен но може да има и примарно хроничен тек.

 

ТЕРАПИЈА НА ПСОРИЈАЗА

Се дели на локална, системска и фототерапија.

  Фототерапија (терапија со светлосни зраци)

  • Познато е дека симптомите на псоријаза регредираат по изложување на сончева светлина поради што на пациентите им се препорачува сончање и капење во море-хелиоталасо терапија.
  • Се користат и вештачки извори на UV  светлина ( UVA и UVB зраци).
  • Фотохемотерапија (PUVA= псорален+ UVA), псоралените се даваат пер орално или локално, два часа пред зрачењето во доза од 0,6 мг/кг.
  • UVB терапија се применува без фотосензибилизатор на бранова должина од 290-320 нм. Најчесто се употребува на локализирани делови на кожата.
  • Ласеро терапија со Nd Yag ласер на локализирана плакарна псоријаза во комбинација со кортикостероидна терапија.

Повеќе за псоријазата, за разните форми и терапија (локална, системска) може да прочитате во текстот на Др. Ивана Панговска, специјалист дерматовенеролог  Psoriasis vulgaris (pdf)

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти