Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Вие прашувате, Бебебум.мк...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Вие прашувате, Бебебум.мк во соработка со Промедика одговара!

Прашање:

Добар ден го читав вашиот текст и многу ми се допадна, па затоа сакав да се исконсултирам со вас дали и јас како родител на две деца од 5 и 6 год постапувам дабро. Јас живеам во една тивка населба во делот од Драчево, и јас на моите деца мислејки дека се доволно големи им дозволувам да одат до продавница сами но продавницата ни е преку една улица, па сметам дека кога ке ме прашаат за да одат кај некое од другарчињата треба да им дозволам поради тоа за да понатака не почнат да се служат со лажење за да појдат.
Арно ама пред некој ден ме излажаа после по далеку од таму каде што се договоривме се испаничивме сите пошто не можев да ги најдам јас стварно незнам дали е правилно да се казнат да не излезат од двор некој ден. Али стварно гледам да не им влијаат лошо на карактерот. Па ке ве молам ваше мислење. Однапред ви благодарам.

Одговор:

Често знаеме да кажеме дека “децата се како сунѓери”. Затоа е важно првенствено да внимаваме на нашето однесување и на она ние кое го кажуваме, на она кое ни го “сервираат” медиумите, но и на врсниците со кое детето е во постојан контакт.

Разбирлива е вашата реакција и страв бидејќи сепак станува збор за безбедноста на вашите деца и најголем број на родителите се прашуваат како да реагираат во овие ситуации и како правилно да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат како родители. Ја поздравувам вербата во вашите деца и постепеното поттикнување на независност кај нив (кажувате дека ги праќате сами до продавница).

Децата почнуваат да ја користат лагата во раната возраст. Всушност, тоа претставува дел од нормалниот психолошки развој на детето. Децата учат да ја користат лагата со цел да не бидат казнувани, односно да бидат пофалени, наградени. На возраста на која се наоѓаат вашите деца (5-6 години) децата веќе можат да направат разлика помеѓу тоа што е стварност, а што не е, но се користат со лаги да ги задоволат своите потреби и секако, да не ги разочараат родителите. Доколку тоа ретко се случува, нема потреба да бидеме загрижени. Но, доколку детето често користи лаги во своето секојдневие, треба да обрнеме посебно внимание бидејќи тоа може да биде знак за незадоволство кај детето и тоа може да предизвикува понатамошни проблеми во социјалниот живот (на пр. дечиња кои често лажат не се стекнуваат со доверба кај своите врсници и поради тоа не се многу “популарни” и се избегнувани). И во двата случаја на децата треба да им се објасни зошто е важно да се зборува вистината, кои се последиците од лажењето и колку е важно да се има целосна доверба помеѓу децата и родителите. Но, за детето да се чуствува сигурно и безбедно да ја каже вистината, не треба да користиме строги мерки како удирање и викање, бидејќи следниот пат тоа повторно ќе не излаже, секако – со цел да се зашитити себеси и да ги избегне овие наши реакции. Треба на детето да му ставиме до знаење дека ја знаеме вистината и да се потрудиме да останеме смирени, бидејќи на тој начин подобро ќе комуницираме и подобро ќе му ги објасниме ефектите од таквото однесување: што не исплашило, што очекуваме од него, што ќе направиме следниот пат во таа ситуација односно какви последици(рестрикции) тоа би имало по него и т.н. Важно е да бидеме доследни во однесувањето и доколку ја има, казната треба да биде соодветна, а не претерана или занемарлива бидејќи детето треба да ја разбере пораката која стои позади казната.

Секако, доколку самото признае дека направило нешто лошо, треба да ја наградиме неговата искреност, да го пофалиме и да ја уважиме неговата храброст да биде искрено кон нас.

 
 Превземено од www.bebeboom.mk

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти