Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Вие прашувате, Бебебум.мк...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Вие прашувате, Бебебум.мк во соработка со Промедика одговара!

Прашање :

Почитувна Д-р Темелковска
Сакам да побарам стручна помош од Вас. Се работи за малолетно дете на двајца разведени родители кои имаат навистина нарушени односи и не секоја нивна комунакација се одвива со расправија и закани. Пред разводот детето било изложено да ги гледа расправиите на родителите на пример: Како таткото ја тепа и навредува мајката односно класичен пример на семејно насилство.Мајката се разведува од таткото на малолетното дете.Но приказната продолжува и понатаму со тоа што детето кога е на викенд кај таткото постојано му зборува како ќе ја убие мајката и слични разговори и од неговата бабата и дедото на таткото при што детето доживува стесови. Ниту Центарот за социјани работи ниту никој друг неможе да се справи со ситуацијата која  и покрај развод од пред четири години постојано малолетното дете го следат стресни ситуации итн ит на кој им нема крај. Детето и покрај неговата 12 годишна возраст сеуште мокри во сонот, има слаб апетит но и потешкотии во училиштето тешко помни. Се однесува понекогаш агресивно, понекогаш е многу мирен и послушен. Што ќе не советувате.

Јас сум негова вујна и колку што можам да сфатам од целата ситуација на детето му е потребна стручна помош од психијатат за да ја надмине оваа ситуација.

Одговор:

Почитувана,

Разводот на родителите претставува губиток и голем стрес за сите членови на потесното и поширокото семејство. После тој губиток следи фаза на тагување, низ која проаѓаат и децата преку лутење, негирање, агресивност, често сето тоа изразено преку физички симптоми како главоболка, болка во стомак, поради немање механизми и можност тоа да се изрази преку емоции. Важно е  детето да се поттикнува на разговор за неговите чувства, да се сослуша ако треба и повеќе пати. Во сето ова е и многу важно околината да биде стабилна и да се одржува рутината во животот на детето.

Мој предлог е кај детето покрај поддршката од семејството, да се вклучи и помош од стручно лице, психијатар, кој што може да ги зајакне одбрамбените механизми на детето и да придонесе за тоа да доживеаните реакции од разводот не преминат во  симтоми кои ја отежнуваат прилагодбата на новата ситуација.

Прашање:

Здраво! Јас сум самохрана мајка. Имам 4-годишна ќерка. Дететно нема никаков контакт со нејзиниот татко. Често го споменува, но татко и не ја бара воопшто. Често мокри во спиење. Ќе ве молам за совет.

Ви благодарам однапред!

Одговор:

Почитувана,

Ве разбирам дека не ви е лесно. Животот со 4 годишно девојче може да биде турболентен и активен како во сите полиња така и во полето на изразување на емоции. Децата во таа возраст се поприлично љубопитни, па тоа е и една од причините зошто вашето дете ви поставува толку прашања и во врска со таткото.

Кога детето ќе ве праша за таткото одговорете и едноставно и искрено на нејзините прашања. Не треба додатно да ја оптоварувате со премногу информации за да не се предизвикаат негативни емоции . Кога вашата ќерка ќе порасне, ќе може сама да го разбере вашиот однос, ќе сфати која е причината за состојбата во која се наоѓате и ќе може сама да одлучи каков однос сака да има со својот татко. Вие како грижлива мајка може да и пружите одговор на сите нејзини прашања и многу љубов, што верувам и го правите. На ваков начин ќе створите долгорочно квалитетен однос со ќерката. Кога станува збор за ноќното мокрење кое е присутно, најчесто поминува спонтано само од себе, но ако е присутно подолго обратете се кај детски психијатар.

 

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти