Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Што значи хепатитис А (Инфективен...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Што значи хепатитис А (Инфективен хепатитис, епидемиска жолтица)

Хепатитис А е акутно вирусно воспаление на хепарот (црн дроб), кое најчесто има добар тек и многу ретко преоѓа во хроничен облик.

 

Етиологија – причинител на ова заболување е вирусот на хепатитис А (ХАВ), кој спаѓа во групата на РНК вируси и има карактеристики на ентеровируси. За време на заболувањето, вирусот се наоѓа во клетките на црниот дроб и во фецесот, каде може да се најде 10 или 15 дена од инкубацијата ,или 4 недели од почетокот на болеста, а во крвта ,кон крајот на инкубацијата и првите денови на болеста. Кај хепатитис А, не е опишано хронично вирусоносителство. Самиот вирус предизвикува појава на анти ХАВ-антитела, кои во низок титар остануваат доживотно, и означуваат траен имунитет.

 

Епидемиологија – Вирусот се пренесува по фекално-орален пат, најчесто се појавува во помали епидемии, и тоа најчесто во училишта, градинки, детски домови, и средини со лоша санитација.

Клиничка слика – Болеста се јавува во два  облици- Аниктеричен хепатитис и Иктеричен хепатитис.

Аниктеричниот тип на болеста е почест во детска возраст, и кај него  симптомите започнуваат со постепено губење на апетитот, мачнини, гадење, повраќање, малаксалост, температура (најчесто субфебрилна), понекогаш болка под десен ребрен лак.

Иктеричниот облик пак почесто се јавува кај адолесценти или возрасни особи, и почнува со појава на жолтица, која најпрво се појавува на белките на очите.Во тек на 4-5 дена жолтицата станува поинтензивна (жолто пребојување на кожата), се појавува темна урина, а столицата станува светла. При преглед скоро секогаш постои зголемен црн дроб за 2-5 см под десен ребрен лак. Најчесто симптомите почнуваат да се губат за 10-14 дена од нивното појавување, но самото опоравување може да потрае и подолго.

Лабараториски анализи – Овие анализи ни укажуваат на оштетување на црнодробниот паренхим и на хепатоцелуларна жолтица, така што покачени се вредностите на трансаминази (АСТ и АЛТ), после нив се покачуваат и вредностите на билирубините во серум, а билирубините во урина можат да се појават и пред жолтицата да стане клинички манифестирана. За хепатитис А , значајно е покачувањето на титарот на специфични антитела- ХАВ антитела.

Лекување – Во третманот на ова заболување од голема важност е мирување во кревет, внес на доволно течности и електролити, и исхрана, која мора да ги задоволи потребите на детето, со ограничен внес на маснотии.

Прогноза – Прогнозата на хепатитис А во детска возраст е одлична, така што ова заболување најчесто поминува без последици. Но секако од големо значење е да се обрне внимание посебно на децата за начините на пренесување на ова заболување, и правилниот хигиено диететски режим.

 

 

Автор на текстот:

Спец. педијатар
Др.Моника Топузовска

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти