Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Недостигот од љубов го попречува...

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Недостигот од љубов го попречува развојот кај децата

Познато ни е дека на развојот на детето делуваат повеќе фактори. На пример, не се само генетските предуслови тие кои го одредуваат развојот на мотивацијата кај детето. Ние сме социјални битија и како такви имаме потреба од врзување со други индивидуи, потреба да припаѓаме на заедницата, потреба од љубов и признание. Недостигот од љубов, грижа од родителите, како и чуство на заштитеност се psiholog-dokovska-nedostigot-od-lubov-go-poprechuva-razvojot-kaj-detsata-1одразува и на органски план, со тоа што лимбичкиот систем на детето ќе остане недоволно развиен. Овој систем е одговорен за емоциите, учењето и помнењето. Емоционалните трауми и семејните релации во кои нема соодветна и задоволителна комуникација резултираат со последици кои се одразуваат на однесувањето на детето, како и на процесот на учење.

Луѓето имаат потреба да бидат признаени и почитувани како индивидуи. Тоа ги исполнува и ги мотивира на повеќе нивоа. Детето исто така има потреба да биде доживеано како мала личност, различна од сите други, со свои барања, потреби и желби. Ако тоа не е доживувано  на овој начин од околината, детето го чуствува тоа и почнува да губи интерес за контакт и поврзување, нема волја да ја следи наставата и активно да учествува на часовите.

Од друга страна пак, овој ефект врз детето може да го даде и прекумерниот притисок од страна на родителите и училиштето, односно да ја потисне неговата мотивација поради недостиг на слободно време или задавање на превисоки и недостижни цели (ова можеме да го увидиме кај деца кои учат бавно, без радост и т.н.). Важно е родителите да ги препознаат своите потреби кои можe да се разликуваат од потребите на детето, да го уважуваат и да му помогнат да го оствари својот потенцијал преку поттикнување на љубопитноста и опсипување со љубов и внимание.

Нежните, позитивни односи во семејството, во кои децата се чуствуваат комфорно, сакано  и заштитено се најважната основа за здрав развој на мозокот, вклучувајќи го и мотивацискиот систем. Колку повеќе љубов има на неговиот пат кон осознавање на светот, со што помалку забрани и казни, толку ќе биде помал неговиот страв и неговата љубопитност ќе се развива повеќе. Секако, не смееме да ја заборавиме и позитивната страна на стравот кој како заштитен механизам го штити детето од претерана склоност кон авантури, на пример, средби со непознати луѓе или животни. Но кога истиот е претеран, станува пречка поради која детето неможе да се стекне со нови знаења и искуства. Се покажало дека децата кои имаат цврста емоционална врска со мајката и со останатите семејни членови, во иднина се повеќе способни и помалку се плашат од неуспех.

Родителите се пример кои децата го следат. Тие гледаат и учат како родителите се справуваат со емоциите, животните збиднувања и токму тие се оние кои на децата им го пренесуваат ентузијазмот, љубопитноста и светогледот.

Со детето посетувајте музеи, изложби, забавни паркови, одете во природа, заедно читајте енциклопедии и разноврсни книги, гледајте филмови, дозволете му да види кои активности ги опфаќа вашата работа, помогнете му да се здобие со знаење за нови места, култури и традиции и секако, овозможете му да комуницира со повеќе луѓе преку кои ќе стекне нови и различни сознанија.

Доколку сметате дека вашето дете има потешкотии со мотивацијата и не успевате да ја поттикнете неговата љубопитност и мотивираност, обратете се кај психолог кој може да ви помогне со разни техники и стручни совети кои одговараат за вашето дете.

 

Автор на текстот:

Доковска Тина, Психолог, семеен и системски психотерапевт  

Превземено од www.bebeboom.mk 

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти