- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- НОВОСТИ
- Во медиумите
- Контакт
Неуропедијатрија
ПовеќеСистематски прегледи
ПовеќеЛасерска епилација
ПовеќеМедицински транспорт
ПовеќеДецата на родители кои проаѓаат низ развод на брак често се загрижени за тоа како нивните деца ке го прифатат разводот и како таа стресна ситуација ќе влијае на нив.
Иако се родителите во тој важен период од животот преокупирани со сопствените проблеми, тие се сеуште најважната фигура во животот на своите деца, и поради тоа тие самите треба најмногу да им помогнат за време на разводот.
Соопштување на своите деца за разводот
Тешко е да се соопшти на децата дека родителите се разведуваат. Како може да постапите:
Знаци на стрес кај детето за време на развод
Помалите деца може да станат агресивни, непослушни или повлечени. Постарите деца може да преживуваат длабока тага и чувство на губиток. Децата исто така може да го намалат школскиот успех и да имаат некои бихејвиорални пореметувања. Адолецентите може да имаат потешкотии во влегување во емотивни врски, ниска самодоверба и автодеструктивно однесување.
Истражувањата покажуваат дека децата на разведените родители почесто се разведуваат, а и потешко и поретко се одлучуваат на брак. Ваквите негативни последици може да се избегната ако на децата за време на развод им се пристапи на прав начин. Доколку разводот не е пропратен со некои поголеми конфликти, и доколку родителите успеале во тој период детето да го заштитат колку што е можно повеќе од стрес, децата од разведени бракови може да имаат подеднакво успешен развој и емотивна стабилност како и деца со комплетно семејство.
Како да им се помогне на децата за време на развод?
Децата најдобро ќе го преживеат разводот ако знаат дека и двајцата родители се сеуште истите тие родители кои ги сакаат и се грижат за нив, иако бракот завршил и живеат одделно. Тоа значи дека родителите мора да соработуваат меѓусебно и да направат се што е можно најдобро за своето дете макар и тоа да се коси со нивните желби.
Поддршката на двајцата родители е најдобрата алатка што може да ја има детето за време на разводот.
Автор на текстот:
Психијатар Др. Тина Темелковска
Превземено од www.bebeboom.mk