Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Да ги победиме детските страво...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Да ги победиме детските стравови

Стравот е составен елемент на нормалниот емотивен развој. Истиот кај многу деца прераснува во анксиозност или фобија. Оваа состојба негативно се одразува на нивната способност за прилагодување на средината, а кај родителите предизвикува загриженост. Па така имаме преплашени деца и збунети родители кои се во потрага по јасен одговор на прашањата: ”Што се случува со нашето дете?”; ”Што можеме ние да направиме за да му помогнеме?”; ”Како да не се влоши оваа состојба?”; “Дали овој проблем ќе исчезне сам по себе со тек на времето?”; “Дали сме ние виновни?”.

Психотерапевтскиот пристап е скапоцен извор на практични совети и нуди различни “решенија” за родителите. Со помош на психолог/психотерапевт, родителите ќе се чуствуваат помалку осамени и ќе бидат помалку немоќни пред стравот на своите деца. Потоа, заеднички ќе пристапат кон решавање на потешкотиите кои детето ги има, ќе му понудат соодветна помош, со што крајна цел ќе биде детето да стане похрабро и повеќе прилагодливо во своето секојдневие.

 

Но, како и зошто детето станува анксиозно?

Според когнитивните психолози, детето надворешните случувања може да ги протолкува на погрешен, искривен начин, односно премногу негативно вреднува некој настан, како на пример родителската расправија да ја вреднува како дефинитивна разделба на родителите или пак лошата оценка ја толкува како доказ за неговата ниска вредност со која тој ќе стане предмет на исмевање во својата околина. 

Доколку таткото во оваа замислена ситуација беше потрпелив во своето убедување и детето повторно се качеше на велосипед, анксиозноста ќе се намалеше и за детето за кратко време ќе почнеше да се забавува со новостекнатата вештина. Но, утешната “награда” која тоа ја доби веднаш после неговото одбивање само го “поткрепува” ова “избегнувачко”однесување. Во меѓувреме, мислите кај детето се нижат: ”Сите други можат, јас не, тоа значи дека сум трапав, глупав, неспособен! Подобро да се држам на страна, инаку ќе се потсмеваат со мене! Несакам да го возам тој глупав точак!”. На овој начин, околу детето се затвора и се одржува маѓепсаниот круг на анксиозноста. 

 

Како да интервенираме?

Интервенција од терапевт не е секогаш неопходна.

Но, постојат многу техники кои може да ги совладаме со помош на терапевт и со чија помош може превентивно да делуваме, откако веќе знаеме каков облик може да има стравот, какви мисли може да има детето или како тоа се чуствува.

Психотерапевтските интервенции имаат за цел да помогнат да се надминат пореметувањата во  емоциите и однесувањето кои се веќе очигледни. Родителите треба да бидат свесни за своите недостатоци, за своите негативни искуства и да се запрашаат на кој начин се тие модел на однесување за своето дете, дали се спремни да му покажат на кој начин тие го совладуваат стравот, но со конкретни примери, а не само со зборови.

Поддршката детето ја добива преку искажување на нежност и пофалба, преку “посебни” привилегии и пријатни активности, како и преку материјална награда. Доколку изгубиме трпение и детето строго го казнуваме, не само што нема да се постигнат резултати на долг рок, туку ќе му биде понудена агресивноста како модел и тоа понатака ќе настојува да ја повтори, со што ќе се создадат други проблеми и потешкотии за  решавање.

Децата имаат потреба од возрасни кои ги разбираат, кои знаат што точно сакаат и кои се доследни во своето однесување. Поради секојдневните обврски во текот на денот родителите често знаат да бидат уморни и нервозни и сето тоа да го рефлектираат врз децата. Затоа работата со децата најпрво почнува со работа со родителите, треба да научиме како да го релаксираме нашето тело и ум, односно мислите.

 

 

Постојат различни вежби на релаксација и техники на дишење, забавни игри и физички активности кои родителите и децата можат да ги прават заедно и со тоа успешно го намалуваат детскиот страв. Низ игра, децата можат да го покажат она кое не умеат добро да го вербализираат, а родителите треба да се трудат да го пренесат своето знаење на јазик прилагоден на јазикот на нивното дете. Kога веќе дојдовме до јазикот кој го користиме, потребно е родителите да го вежбаат афирмативниот говор и да ги научат своите деца од сите свои искуства да извлекуваат поуки. Една ирска поговорка вели:”Фалете ги своите деца и тие ќе цветаат”.

 

Превземи: Да ги победиме детските стравови (пдф)

 

 

 

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти