Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Психосоматика

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Психосоматика

Што е психосоматска болест?

 

Психосоматска болест е всушност телесна болест, која настанува поради психолошки фактори. Симптомите се јавуваат на некој конкретен орган, а со самото тоа се менува и неговата нормална функција. Таа промена на почеток е од реверзибилна природа, но доколку стресната состојба трае подолг временски период, добива иреверзибилен карактер, односно, природно е да се очекува дека ваквата состојба прави пореметување во “природната” рамнотежа на организмот. Се смета дека долготрајната изложеност на стрес предизвикува психосоматско заболување, додека краткотраен и неочекуван стрес, дури и да е силен не ја предизвикува истата.

 Денес со сигурност знаеме дека стресот, акутен или хроничен, навистина влијае на нервниот, респираторниот, ендокриниот, кардиоваскуларниот, репродуктивниот, имунолошкиот систем, системот за варење и на мускулноскелетниот систем. Секако, она што за една личност е силен “стресор”, друга не го ни перцепира како стрес воопшто. Психосоматиката, всушност, го испитува психолошкиот фактор кој допринел до настанување на болеста, која во интеракција со биолошките и социјалните фактори ја одредува болеста или здравјето на една индивидуа. 

 

 

Предиспозиција за настанување на овие заболувања

 

Не секој кој има емоционални потешкотии развива психосоматска болест. Тоа зависи и од голем број на други фактори како што се: наследни особини,стресни животни настани, еколошки фактори (на пример, загадување), социјалната средина и социјалната поддршка, претходни болести, модели на однесување и животен стил (лоши животни навики),  потешкотии во изразувањето и разбирањето на емоциите, потешкотии во релациите со семејството и другите значајни луѓе, и т.н.

 Преземи: Психосоматика (.PDF)

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти