Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Што значи постпартална депреси...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Што значи постпартална депресија

Како и да помине породувањето, кога мајката за првпат ке го прегрне своето дете, тоа е чувство на неизмерна радост. Се изменуваат чувства на возбуденост, радост, состојба на психичко напрегање, анксиозност, страв..кои можат да резултираат со неочекувана состојба- депресија.

Постпородилната депресија е психичко растројство кое се јавува после породувањето на мајката, се карактеризира со симптоми на дисфорично до депресивно расположение, пропратено со пореметување на сонот, апетитот, психомоторен немир, умор, чуство на вина и суицидални мисли.

dr-tina-temelkovska-shto-znachi-postpartalna-depresija-2

Основата за постпородилна депресија е мулифакториелна. За време на бременоста нивото на хормоните, естроген и прогестерон е значително поголема, за потоа во рок од три дена нивото на тие хормони како и на ендорфин, кортизол и пролактин да падне на ниво на  кое биле пред бременоста. Покрај биохемиски се случуваат и психолошки промени кои уште повеќе ја зголемуваат веројатноста за постпородилна депресија.

Исцрпеноста по породувањето, стрес, недостаток на сон, исто така влјијаат на појавата на оваа состојба. Најголем ризик за појава на постпородилна депресија имаат оние кои во минатото веке имале некоја депресивна епизода, како и оние кои имале постпородилна депресија во претходните бремености. Исто така голем е ризикот и кај оние мајки кај кои бременоста е несакана, кои не се спремни за мајчинство, кај адолесценти и емоционално незрели особи кои незнаат што да очекуваат, и кај особи кои немаат можност за помош која е во првите недели најпотребна.

Видови на постпородилна депресија

Според интензитетот на симптомите, времетраењето на истите и опсноста по здравјето на мајката и детето, постпородилната депресија се дели на три главни видови.

Постпородилна тага или baby blues

Ова е благ вид на постпородилна депресија и не претставува сериозна опасност, се јавува кај околу 80% од мајките. Се јавува во првата недела по породувањето и трае најмногу две недели, манифестирајќи се со чувство на тага, анксиозност, честа плачливост без посебна причина и проблеми со спиењето. Симптомите обично поминуваат сами и без медицинска помош, потребна е емоционална поддршка, прикладна помош околу новороденчето и домашните обврски.

Постпородилна депресија

Ако симптомите на тага траат повеќе од две недели по породувањето потребно е да се разговара со психијатар и да се увиди дали постои опасност од постпородилна депресија. Постпородилната депресија на почетокот има сличности со состојбата на тага, но симптомите се многу по изразени, подолго траат и влијаат на способноста на мајката да се грижи за себе и за бебето како и за други дневни активности. Најчесто се јавува кај жени кои претходно имале историја на депресивно растројство. Типично за оваа состојба што симтомите се јавуваат во првите три месеци по породувањето, постепено, ретко нагло. Се карактеризира со депресивно расположение, плачливост, константен интензивен умор, губиток на апетит, несоница, интензивна раздразливост и конфликтуозност, преплавувачки умор, губиток на интерес за секс и чувство на непривлечност и несигурност во својот нов изглед , губиток на животна радост, чуство на вина, промена во расположение, потешкотии поврзани со грижата околу бебето, повлекување од членовите на семејството и пријателите, црни мисли, до состојба на константна грижа и оптеретеност со бебето.

Постпородилна психоза

Ова е најтежок облик на постпородилна состојба и бара итна медицинска помош. Обликот е редок и се појавува кај една на 500 мајки. Треба да се обрати внимание на посебно алармантното агресивно однесување на мајката спрема себе, бебето или околината кое е особено непредвидливо. Симптомите вклучуваат изразена нервоза и раздразливост, збунетост, несоница, параноја, халуцинации, хиперактивност, забрзан говор и манија. Се јавува најчесто набрзо после породувањето, симптомите се многу интензивни и може да траат неколку недели до неколку месеци. Потребна е итна медицинска помош, хоспитализација и медикаментозна терапија,  затоашто постои опасност од самоубиство и нанесување повреда на детето.

 Како се лечи постпородилната депресија?

Во некои случаи симптомите поминуваат сами од себе во рок од три месеци без медицинска асистенција. Но како што веќе споменавме, ако постпородилната тага потрае повеке од две недели  и симптомите опфаќаат минимална грижа за себе и детето и влијаат на секојдневното функционирање треба да се побара помош од психијатар. Во обзир доаѓа когнитивно бихејвиорална психотерапија во комбинација со антидепресиви. Ако мајката дои треба да се направи проценка во изборот на антидепресивот. Целта на терапијата е да се промени негативното размислување и негативните мисли и да се научи мајката да размислува конструктивно и позитивно.

Како може мајката да си помогне сама на себе?

-          Одвојте време за секојдневни прошетки надвор од дома, сами или со пријатели кои ви се драги и со кои навистина сакате да го поминете времето

-          Допуштете им на членовите од семејството да ви помогнат, секоја помош е добредојдена

-          Не пробувајте се да направите сами, не се оптоварувајте со мали непотребни ствари што немора веднаш да бидат направени

-          Вежбајте

-          Пијте доста течности, хранете се здраво

-          Одмарајте секогаш кога ќе бидете во можност користете го времето за спиење

-          Пробајте да сте вклучени во активностите во кои сте биле и пред породувањето

Важно е да се побара медицинска помош ако мајката има халуцинации и ако размислува да се повреди себе и своето дете.

Автор на текстот:

Др. Тина Темелковска

Психијатар

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти