Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Воспаление на уво кај децата

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Воспаление на уво кај децата

Воспаление на увото во детската возраст најчесто се манифестира како воспаление на средното уво ( otitis media) и надворешното уво т.е надворешниот слушен канал (otitis externa), со сите можни потенцијални компликации. Најчесто се јавува во период од 6 месеци до 3 години, како и во пред школската возраст. На ова воспаление се подлежни сите деца, а посебно оние со послаб имунитет, кои се постојано изложени на дим од цигари, живеат во лоши социо-економски услови,  престојуваат во колективни средини како градинки, јасли, пред школски установи како и деца со кранио-фацијални малформации (расцеп на меко, тврдо непце, усни) и деца со генетски предиспозиции.

vospalenie-na-uvoto-vo-detskata-vozrast-1

ПРИЧИНИТЕЛИ

Причинители на воспалението најчесто се бактерии (Streptococus pneumoniae, Heamofilus influence, Moraxella catarrhaliss,Staphylococcus aureus) и вируси, кои обично предходат на бактериската инфекција. Кај деца помали од 6 недели како причинители често може да се јават грам негативни бактерии како Escherichia coliKlebsiellaPseudomonas.

Бактериите во средното уво најчесто продираат од носот и грлото, а ретко може да се пренесат и по крвен пат. Сепак најчест начин за инфекција на средното уво кај дете се инфекции на носот и грлото, кои се пренесуваат на увото преку Евстахиевата туба која всушност преставува коскено-рскавичен канал кој го поврзува средното уво со назофарингеалниот простор кој се наоѓа позади носот т.е на преминот на носот и грлото. Опструкција на тубата од било која причина претставува исто така предиспонирачки фактор за воспаление на увото.

КАКО ИЗГЛЕДА ДЕТЕ СО ВОСПАЛЕНИЕ НА УВОТО?

Речиси секогаш воспалението на увото започнува со знаци на горно-респираторна инфекција, настинка – запушан нос, обилен секрет кој излегува од носот или се слева ретро-назално низ грлото и предизвикува надразителна кашлица. Во почетокот не мора да се јави покачена температура, но ако дојде до воспаление, темературата обично се покачува и се јавува болка во увото.

Постарите деца сами се жалат на болка и може да посочат кое уво ги боли. Покрај болката се јавува и чувство на затнатост на увото и намален слух.  Кај помалите деца и новороденчиња болката во увото често е придружена со температура, иритабилност, пролив и повраќање. Децата стануваат доста нервозни (кенкави), а се јавува и карактеристичен продорен плач. Детето нагло се буди од сон со врисок кој продолжува во силен плач кој не престанува и покрај тоа што детето ке се земе во рака. Во тој период обично и темперетурата е покачена- колку е детето помало, толку е температурата повисока. Детето го фаќа или ја врти главата на страната на болното уво, одбива да зема храна, одбива да цица, а често плачот се појачува при цицањето. Понекогаш може да се види и секрет (слузав, гноен, сукрвичав) кој се дренира преку надворешниот слушен канал.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ?

Третманот го одредува лекар оториноларинголог врз основа на локалниот наод и клиничката слика.

За лекување на инфекцијата се ординира антибиотска терапија, како и капки за нос кој не смеат да се ставаат повеќе од 5-7 дена. Основно е да се обезбеди проодност на носот за да може да се постигне нормална вентилација и дренажа на средното уво. Покрај капки во носот, се препорачува детето да го дува носот, а не да го повлекува секретот према назад како би се превенирало продирање на овој инфективен секрет од носот во средното уво.

Терапијата трае најмалку 7дена,  доколку е потребно и подолго и бара строга дисциплина во третманот како би се превенирале сериозни компликациите кои секундарно може да се јават при нелекуван или не долекуван отит. Потребен е контролен отоскопски преглед за да се верификува успешноста на терапијата. Треба да се истакне дека ефектот од антибиотикот се гледа после 2-3 дена.

При појако изразени симптоми се ординираат аналгетици- за намалување на болка и антипиретици- за намалување на температура. Топли облоги на увото може исто така да придонесат во намалување на болката.

Не се препорачува родителот на своја рака да аплицира било што во надворешниот канал на увото. Помошни лековити средства покрај основната терапија, може да се користат единствено доколку ги препишал лекар, никако самостално бидејќи немаат ефект и може да ја влошат состојбата.

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ ВОСПАЛЕНИЕ НА УВОТО КАЈ ДЕЦА?

Родителите во голема мера може да помогнат во спречување на воспалението на увото кај нивното дете.

  • Обезбедување на проодност на носот преку отпушување и дување на носот е најефикасен и најбезбеден начин да се превенира застој на секретот, а со тоа и воспаление на средното уво.
  • Доењето претставува пасивна заштита на новороденчиња од инфекција.
  • Доенчето при хранењето треба да е под агол од 45 степени во однос на подлогата.
  • Треба да се забрани пушење во простории во кои престојуваат деца.
  • Подобрување на имунитетот на детето.
  • Престој на децата во градинки, јасли во поголеми колективи го зголемува ризикот. Затоа распоредување на децата во помали групи ( 7 или помалку деца) може да придонесе во намалување на честотата на инфекцијата.
  • Да се избегува длабоко чистење на увото со стапчиња, најдобро со крпа да се исчисти само влезниот дел од каналот на ушната школка за да се превенира воспаление на надворешното уво.

ШТО ДА СЕ НАПРАВИ ДОКОЛКУ ВОСПАЛЕНИЕТО НА УВОТО ЧЕСТО СЕ ПОВТОРУВА?

Чести воспаленија на средното уво кај деца бараат детален преглед и иследувања од специјалист оториноларонголог.

Треба да се види дали постои зголемена аденоидна вегетација ( трет крајник), кој често знае да ја  затвара Евстахиевата туба и може да биде причина за чести воспаленија на увото со намалување на слухот.

Специјалистот за уво, нос и грло ќе одлучи дали е потребен евентуален хирушки третман, а доколку третитот крајник не изускува вадење, во соработка со педијатар ке се донесе одлука за медикаментозна терапија.

Автор на текстот:

Оториноларинголог

Др.Бојана Силјановска

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти