Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Вие прашувате, Бебебум.мк...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Вие прашувате, Бебебум.мк во соработка со Промедика одговара!

Прашање:

Здраво. Ја прочитав темата за воспаление на уши кај децата и имам едно прашање. Имам керкичка 5 и пол години и усте од нејзина 1 и пол годишна возраст нон стоп ни се воспалуваа ушињата пред еден месец и ги извадија сите три крајника бидејки и се собирасе многу секрет во средното уво и поцна да не слуша убаво со тоа што и ставија и дијаболи во двете ушиња. Сега раната кај крајниците зарасна супер си јадеме нормално и нема никакви болки на грлото она што мене ме интересира е како да се донесуваме кон ушите односно дијаболите кои се внатре и треба да останат една година а знам дека нус појави се дека може да испаднат и порано па да треба да ставаме повторно. Како да ги зачуваме дијаболите да си доседат до крај дали има некој начин, заштита на ушите или било што би можела јас како мајка да внимавам на тоа. Ви благодарам однапред.

Одговор:

Отстранување на крајниците, посебно третиот со апликација на вентилациони цевчиња (дијаболи) на слушната мембрана има за цел да обезбеди непречена вентилација и дренажа на средното уво, а со тоа да се превенира  застој на секрет во истото и спречување на можните компликации. Вентилационите цевчиња остануваат на мембраната 6-12 месеци. После овој период самите спонтано, речиси неприметно паѓаат или хирушки се отстрануваат.

Ретки компликации од апликацијата и присуството на овие цевчиња се инфекции кои ефикасно се решаваат со употреба на соодветна антибиотска терапија ( во вид на сируп, таблети или капки за уво).

Кај децата со вградени вентилациони цевчиња треба да се избегнува експозиција на увото на вода, посебно нечиста. Затоа се советува употреба на чепчиња, тампони за уво или евентуално капа која ги штити ушите да не навлезе вода при бањањето. Исто така треба да се избегнува нуркање. Дозволено е овие деца да летаат со авион, нема да се осети промена на притисокот при слетување или полетување доколку цевчињата се функционални.

После вградување на вентилационите цевчиња неопходно е да се направи мерење на слухот-аудиометрија (доколку тоа го дозволува возраста на детето). По елиминација на истите останува мал отвор кој најчесто спонтано зараснува. Може да се формира и ожиљак на тапанчето, но тој не влијае на слухот.

Прашање:

Здраво би сакала да ве прашам нешто за воспаление на средно уво кај дете од 20 месечна возраст( се работи за мојот син). Во Ноември имаше воспалени на средно уво со истекување на гноева течност од ушињата и не задржаа на клиника му ставија диаболи во ушињата( сеуште не се паднати).Одиме редовно на контроли и се е во ред. Па моето прашање би било што да му давам за да му го зголемам имунитетот, и сега од пред една недела му забележав од десната старана под увото зголемена жлезда (не многу), го однесов на контрола кај матичната му проверивме крв и брис и се е во ред. Матичната ми рече да му давам Цефалексин за жлездата а јас се плашам да не му е нешто поврзано со ушето.Поздрав и благодарам.

Одговор:

Апликација на вентилациони цевчиња (дијаболи) на слушната мембрана има за цел да обезбеди непречена вентилација и дренажа на средното уво, а со тоа да се превенира застој на секрет во истото и спречување на можните компликации.

Она што оториноларинголозите го препорачуваат, а е поврзано со децата кои имаат поставени вентилационите цевчиња е да се избегнува експозиција на увото на вода, посебно нечиста. Затоа се советува употреба на чепчиња, тампони за уво или евентуално капа која ги штити ушите да не навлезе вода при бањањето. Исто така треба да се избегнува нуркање (кај поголеми деца). Дозволено е овие деца да летаат со авион, нема да се осети промена на притисокот при слетување или полетување доколку цевчињата се функционални.

Треба да се обезбеди проодност на носот како и превенција од горно респираторни инфекции преку зголемување на имунитетот на детето ( да се избегнува експозиција на дим од цигари, прошетки во природа –чист воздух, проветрување на проосториите, здрава исхрана, витамини). Постојат и голем број, различни препарати за деца во аптеките кои може дополнително да придонесат за зголемување на имунитетот.

Она што сте го напипале под увото на вашето дете најверојатно е реактивна жлезда која може да се појави како реакција на некое воспаление во пределот на главата вклучувајќи ги ушите, грлото ( крајници, трет крајник), носот. Антибиотик во ваков случај се дава со цел да го санира воспалителниот процес, а со тоа да се повлече и жлездата. Во секој случај, не се препорачува пипање на жлездата, бидејќи со постојана мануелна стимулација може дополнително да се зголеми. Можно е жлездата да перзистира и подолг период.

Кај вашето дете потребни се редовни контроли за следење на состојбата со ушите и вентилационите цевчиња.

За сите останати прашања, консултации, контролни прегледи, следење на слухот и сл., може да се обратите во нашата поликлиника Промедика Медикал Центар

 

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти