Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Вие прашувате, Бебебум.мк...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Вие прашувате, Бебебум.мк во соработка со Промедика одговара!

Прашање:

Здраво, сакам да прашам какво е искуството или мислењето на доктроката за употреба на пробиотик ЛАТОПИЦ  за атипичен дерматит ние имаме керкичка 8 месеци  за која сега чекаме алерго тест но нема реагенси за да се види дали ке покаже на што е алергична инаку вкупното ИГе и е 4. Позз

Одговор:

Во секој случај  употреба на пробиотици  воопшто може да делува позитивно кај детето,така што нивната употреба  е сосема оправдана.

Прашање:

Добар ден, прашање за Др. Моника Топузовска: Мојата керкичка има 2 години и во последните 2-3 месеци и се појавија брунченца по обравчињата и на брадата. Брунченцата се црвени и внатре како белко имаат. Бевме на лекар и ни рекоа дека е атопичен дерматититс, но јас како што читам за неговите симптоми мислам дека не е тоа. Нема чешање никакво, не е како егзема туку се мали брунченца и лицето и е рапавко. Мачкавме со разни креми што ми препорачале и од ништо не и поминува. Па ако може некој совет од докторката?

Одговор:

Во повеќето случаи на атопичен дерматит симптомите по користење на одредена  терапија локално,треба  да се ублажат ,но промените да перзистираат подолго време.Доколку во случајов тоа не е така ,може да се работи и за друга кожна промена која во секој случај треба да се види  за  адекватно да се истретира ,доколку не е во прашање атописки дерматит.

Прашање:

Здраво имам керкичка 17 месеци , уште од бебе од 7 дена беше на вештачка храна. Од 4 месеци пие тетрапак Битолско 3,2 масленост и има постојано зацрвени обравчиња со ситни ситни брунчиња на допир цврсти и суви. Пробав со Еуцерин ph 5,5 и крем од невен но никако не и се смирува. Ме интересира дали тоа може да биде од млекото кое го пие или е нешто друго. Барам совет што и како понатаму да правам. Благодарам однапред.

Одговор:

Не би требало млекото да е главна причина  за тоа ,но потребно е да се видат промените за да може да се даде соодветна терапија.

 

Прашање:

Докторке, би сакала да ве прашам дали е можно да се јави алергија на компир? Моето дете е 6 месеци и почнавме со дохрана, првиот пат кога внесовме компир немаше реакција но потоа по 2 недели и дадов пак се јави реакција со повракање пред 2 дена пак исто. Матичниот педијатар вели не е можно да е од тоа. Ме интересира васе мислење? Внесуваме по 1 оброк и на доење сме. Ви благодарам

Одговор:

Во принцип алергија на компир е многу ретка, па не мислам дека тегобите на доенчето се од таа природа. Компирот заради својот состав понекогаш знае да даде симптоми слични на овие, со повракање, мачнина па и болки во стомачето во вид на грчеви. Тоа се должи на потешката сварливост на поедини видови на храна во овој период кај доенчињата, што се смета за нормална појава заради сеуште присутниот ензимски дисбаланс, што е проследено со тегоби кон одредени видови на храна. Советувам да се продолжи со доење, како и венсување на овошни и зеленчукови кашички кои се даваат во овој период кај доенчињата.

Прашање:

Почитувана докторке синчето е скоро три месеци откако се роди постојано има секрет од очите со жолта боја и како солзи понекогаш. Докторите ни рекоа дека е тоа чест случај кај новороденчиња и може да потрае и неколку месеци. Со препорака само да се масираат очите од внатрешната страна на носот затоа што солзните каналчиња се затнати. Ме интересира нешто повеке околу таа тема. Благодарам однапред.

Одговор:

Би Ве советувала да направите брис од двете очи, бидејќи се работи за проблем кој трае пододолго,и доколку се изолира некоја бактериска инфекција истата да се истретира со соодветен антибиотик локално.Инаку повремено може да се прават и промивки на очите со физиолошки раствор (капки за очи). Останува препорака за масажа на очите од внатрешна страна на носот.

Прашање:

Здраво, Ме интересира што може да се даде против повракање за 3 годишно дете? Имам слушнато за некои чепчиња емесан ама незнам колку се сигурни. Ве молам за совет. Однапред благодарам!

Одговор:

Прво треба да се види од каква природа е повраќањето.Ако се работи за повраќање во склоп на некоја вироза, тогаш употребата на пробвиотик, електролитен раствор и таб.Вит Б6 1х1/2 би требало да помогне.

Но, доколку се работи за посериозна состојба, тогаш неопходно е прво да се реализираат одредени лабораториски анализи, врз основа на што би се третирал и проблемот со повраќањето.

Прашање:

Почитувана Др. Топузовска. Имам 5 месечно девојче и од вториот месец навака има проблем со столицата. Дури ако ја оставам и до 12дена не исфрла фецес,се додека не интервенирам со глицерински цепчинја. Ве молам за совет. Однапред Благодарам.

Одговор:

Проблемот со нередовна столица кај доенчиња, па и кај поголеми деца е доста чест, па така и со вашето дете.Бидејќи вашето дете е на возраст кога се воведува и дохрана(овошни и зеленчукови каши), би требало столицата да почне да се регулира.Во овој период може да вклучите пробиотик, кој исто така ќе помогне во регулирање на столицата.

 

Прашање:

Почитувани,
Ве молам за совет
Имам синче старо 2 год. и 6 месеци. Бидејќи имавме проблеми со алергијата, бев советувана од страна на педијатарот да го дојам до 2 години. Така и направив. Пред да го одбијам почнав да внесувам адаптирано млеко, но истото не го пиеше. По совет од педијатар, почнав да му давам обично млеко, но разредено со вода. Се јави проблем. Доби запек.
Морам да напоменам дека воопшто немаме проблеми со исхраната. Наутро обавезно конзумира овошје. Пие компот од сливи, круша и сето она што би требало да му го омекне изметот, а со тоа и да го олесне какањето.Бидејќи подолг период одбиваше да оди по голема нужда, бевме советувани да користиме сируп Портолак. Бидејќи кака после 3-4 дена, при секое извршување на нужда имаме НЕПОДНОСЛИВА СЦЕНА,СТРАВОТ КАЈ НЕГО ШТО НЕМОЖАМ ДА ВИ ГО ОПИШАМ, плачење, се жали дека има болки во анусот и морам да напоменам дека скоро при секое какање има крвца. ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА КОГА ПЛАЧЕ ТОЈ, ПЛАЧЕМЕ И НИЕ ДОМА, ПОТРЕСЕНИ ОД СТРАШНАТА СЛИКА ПРЕД НАС.
Веднаш го информиравме матичниот педијатар, кој ми се изнасмеа, и ми кажа дека било нормално кога малото се навикнува на обично млеко да се појавам овие симптоми. Крвта се јавувала од капиларите кои што пукале при извршување на нужда и од големиот напор кој го дава малото.
Се консултиравме и со други педијатри и тие ни го кажаа истото, со тоа што не посоветуваа да пробаме и други сирупи, како на пр. : сирупот на база на смоква и слива, сируп на база на слива-кој го нарачувавме од Косово, бидејќи во нашиве аптеки го нема, и на крај по последниот совет кој што го добивме од наш близок педијатар, повторно се вративме на Портолак, со образложение од негова страна дека истиот може да се користи подолго време, се до тогаш кога малото само без проблем не почне да кака.
Веќе 2 месеца го користиме овој сируп кој и покрај тоа што не секогаш го омекнува изметот, морам да кажам дека полесно оди по голема нужда. Но сега голем проблем е и стравот кој што се јави кај него.
Ве молам посоветувајте ме што да правам.

 

Одговор:

 Почитувани,

Со оглед на проблемот сто се јавил околу запекот кај вашето дете, а кој што морам да напоменам дека тоа е честа појава кај децата, во помала, но и во поголема возраст, и со оглед на тоа што детето почувствувало болка, очекувано се јавил и проблемот со страв. Најчесто со решавање на примарниот проблем – запекот, детето полека ќе навикне на тоа дека постепено ја нема , или пак се намалува болката, а со тоа и полека чувството на страв кај него ќе почне да се губи. Секако во овој случај голема улога имате Вие како родители,со многу разговор околу тоа дека веќе проблемот полека се решил, да му објаснувате на детето дека веќе нема да го боли мешето и секогаш кога ќе има потреба од дефекација да изнајдете начин да неговото внимание се “сврти” на друга страна (пеење, цртање, раскажување, игри и др.). И доколку ова не помогне,тогаш не е на одмет да се посоветувате со психолог.

Прашање:

Почитувани,

Би сакала да ве информирам за нашиот проблем. Имам скоро двегодишно дете кое пред извесен период прими вакцина за Ди-те-Пер и полио (онаа која се прима по навршени 18 месеци) и 24 часа по примањето на вакцината детето пројави тешка алергија која се јави во форма на големи пликови на кожата. Детето веднаш беше однесено кај матичниот педијатар кадешто прими инекција со кортико-стероид, а после тоа терапијата ја продолживме дома давајќи антихистаминици. Ве меѓувреме, го однесовме и во диспанзерот за здрави деца (онаму каде ја прими вакцината) кадешто беше забележано како дете алергично на вакцината. Бидејќи не живееме во Скопје, докторката ни рече дека овој случај ќе го проследи до Клиниката за имунологија од каде што треба да добиеме информации за тоа дали детето ќе се вакцинира или не, во иднина.

Сакав да прашам што се случува во ваков случај. Дали треба да му бидат направени понатамошни испитувања на детето или пак едноставно вакцинирањето за него престанува? Дали постојат посебни вакцини за деца кои се алергични на вакцините кои обично се примаат или тоа не важи за нашата земја? Што можеме да преземе ние како родители за да му овозможиме на нашето дете да биде вакцинирано од една страна, но и бебзбедно од друга?

Ви благодарам на вниманието!

Одговор:

Почитувани,

Со оглед на тоа дека детето појавило алергија, по претпоставка на претходно примената вакцина, најдобро е детето да се однесе на Клиника за детски болести – имунологија, каде ќе се направат подетални анализи и најверојатно би се продолжило со понатамошно редовно вакцинирање на клиника, секако доколку се докаже дека детето не е алергично на вакцините (со претходни алеготестови). Секако дека вакцините ќе продолжи редовно да ги прима, во консултација со имунолог.

 

 Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти