Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Атиопскиот дерматитис кај бебе

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Атиопскиот дерматитис кај бебе

Атописки дерматитис (синоними: доенечки егзем, детски егзем, неуродерматитис, pruridermatitis chronica allergica) е најчесто хронично заболување на кожата кај децата кое што настанува поради сложено взаемно дејство на надворешни и генетски фактори.

Кај повеќе од 60% од децата болеста започнува со егзем во периодот помеѓу вториот и шестиот месец, а кај 85% се појавува до петтата година од животот. Кај една третина од пациентите болеста во блага форма може да перзистира во текот на целиот живот, но кај повеќето од децата тегобите престануваат после доенечкиот период или после завршување на пубертетот.

Причините за настанување на атопискиот дерматитис не се целосно познати, но во основа се поврзуваат со задоцнетиот развој на имунолошкиот систем. Голем број од децата во семејната историја имаат некоја од атописките болести (астма, алергиски ринитис).

dr-topuzovska-ve-sovetuva-za-atiopskiot-dermatitis-kaj-bebe-1

Во основа на атопискиот дерматитис е сува кожа, што е резултат на пореметување во метаболизмот на полинезаситена масна киселина-Линоленска киселина што доведува до нарушена кожна бариера. Тоа од една страна доведува до зголемена и лесна загуба на вода преку кожата, поради што таа е сува, од друга страна доведува до лесно навлегување на бактерии и алергени во неа и како резултат на тоа се јавува воспаление на кожата.

Прв и основен симптом на атопискиот дерматитис е појава на силно и упорно чешање, поради што се вели дека тоа е ,,чешање од кое што настанува исип, а не исип кој чеша“. Првите промени кај доенчињата се јавуваат во вид на егзем-црвени, ситни, суви, лушпести жаришта на образите, челото, градниот кош и околу зглобовите во прегибните делови на рацете и нозете.

Кај постарите деца симптомите на атопискиот дерматитис се сува и перутава кожа која со текот на времето станува задебелена и испукана, по што се јавуваат и меурчиња кои влажат, а се создаваат и красти. Овие промени најчесто се локализирани во подрачјето на вратот, колената и лактите. Упорното чешање ги прави децата нервозни и раздразливи, а може да доведе и до гребнатинки на кожата кои потоа се влезна врата за секундарна појава на пиогени инфекции. Болеста тече во епизоди на егзацербација и ремисија.

Дијагнозата на ова заболување се поставува според типчна анамнеза, која упатува на атопија, постоење на чешање и карактеристичната морфологија и дистрибуција на кожните промени.

Клиничката слика е најчесто доволна за поставување на дијагнозата. Кожните алерготестови се прават доколку детето има умерени до тешки промени на кожата, кои зафаќаат голема површина или доколку детето истовремено има и респираторни или гастроинтестинални симптоми. Овие тестови ги вклучуваат инхалаторните алергени и алергените од храна.

Слично како и кај болните од алергиски ринитис и астма и кај децата со хроничен егзем има покачени концнтрации на вкупниотIgE во серумот, но за разлика од првите две атописки болести кои ги зафаќаат слузниците, кај атопискииот дерматитис најчесто не е можно да се докаже недвосмиислена врска помеѓу одреден специфичен, нутритивен, инхалациски или константен алерген и појавата на болеста. Затоа ни улогата на реактивните  IgE антитела, кај деца со оваа болест не е јасна.

Третманот на атописки дерматитис подразбира комплексен приод што вклучува избегнување на сите иританси, физички и хемиски дразби како што се: влага, сув и топол воздух, прашина, алкални сапуни, детергенти, омекнувачи за алишта, груби синтетички материјали, животински влакна, храна (јајца, кравјо млеко, риба, кикирики, агруми-цитрусни овошја, пченица…..)

Во локалното лекување во зависност од моменталната фаза на болеста треба да се применуваат специјални масни купки за капење и хидратантни креми за навлажнување и лубрикација на кожата, затоа што основна терапија на ова заболување е правилна нега и хигиена на нежната бебешка кожа. Кај дел од децата со потежок облик на болеста неопходно е да се применат и кортикостероидни креми кои би го спречиле понатамошното влошување на симптомите, како и антихистаминици заради ублажување на симптомите на чешањето.
Кај голем дел од децата корисно е промена на климата – престој на море со што се постигнува добра, но само привремена ремисија на болеста.

Прогнозата на атопискиот дерматитис е добра, со оглед на тоа што кај поголем број од децата симптомите престануваат после доенечкиот период или по завршувањето на пубертетот.

Сепак, атопискиот дерматитис е болест на модерното време и е во постојан пораст, посебно во урбаните и развиени средини.

Автор на текстот:

Спец. педијатар
Др.Моника Топузовска

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти