Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Бактериски цревни инфекции...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Бактериски цревни инфекции кај деца

Еден од основните показатели дека може да се работи за цревна инфекција е пролив (диареа). Секако покрај него често присутни се повраќање и покачена телесна температура. Кога е во прашање бактериска цревна инфекција кај децата, тие имаат чести проливесто-течни столици, со многу непријатен мирис, а понекогаш можна е и појава на крв во столицата.

bakteriski-tsrevni-infektsii-1

Како се поставува диагнозата?

- Кај дете кај кое постои сомнение за бактериска инфекција, се прави микробиолошки преглед на изметот (копрокултура), како би се открила точната причина за инфекцијата, би се изолирала бактеријата.

- Кај деца со покачена температура, обично се прави и крвна слика и ЦРП-како еден од показателите дека се работи за бактериска инфекција.

Лекување:

Кај голем дел од децата лекувањето оди со орална рехидратација (надополнување на течности кои најдобро е да се од електролитен тип.) Голема улога во третманот на бактериските инфекции има и адекватната диетална-антидијароицна диета (тоа подразбира лесна термички добро обработена храна која многу лесно се вари-ориз, морков,компир,со малку додаток на сол), која првите два дена мора да биде строга. Како постепено се нормализира столицата така се воведува и друга исхрана. Варено бело пилешко месо и телешка супа  се најдобар начин за вовед во ,,нормална исхрана”. Треба да се избегнува храна што содржи јаглени хидрати (тестенини, слатко, колачи..)

Кога да се даде антибиотик?

Кај претходно здрави деца, најчесто не е потребен антибиотик, поради тоа што самиот имун систем е доволен да сам се избори со голем дел од бактериските инфекции. Но, секако дека има состојби кога неговата употреба е сосема оправдана и неопходна;

- кај бебиња во првите месеци од животот, кои по правило се лекуваат во болница;

- во случај кога општата состојба на детето не е добра: малаксалост, болки во стомакот, поспаност, повеќе течни столици, дехидратација, покачена температура.

Она што посебно би сакала да го потенцирам е тоа дека во случај на цревни инфекции употребата на пробиотик е ислкучително важна и оправдана.Така внесуваме т.н.,,добри” бактерии со кои би го зајакнале цревниот имунитет, и директно би помогнале во побрза елиминација на причинителот на инфекцијата.

Истите може да се даваат и подолг временски период по завршување на инфекцијата.

Автор на текстот:

Спец. педијатар
Др.Моника Топузовска

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти