- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Сончаница најчесто се јавува за време на летниот период,поради прекумерна изложеност на сонце (за време на летните одмори на море, подолга изложеност на сонце но и во ладна вода може да доведе до ,,топлптен удар”). Исто така и престој на планина може да доведе до истата состојба заради подолготрајна изложеност на силни ултравиолетови зраци, поради што и можноста од изгореници е поголема.
Поради тоа што надворешната температура е висока, се покачува и телесната температура, тогаш организмот се ,,обидува” да се разлади на тој начин што се шират крвните садови (вазодилатација), со намера да поголема количина од крвта ја однесе топлината на површината на телото. Но,тоа нема ефект затоа што паѓа артерискиот притисок и настанува општа слабост на организмот.
Во најголем број од случаите симптомите се лесно препознатливи.Кај раната реакција на сончаница, најчесто се јавуваат одеднаш и тоа со изразита главоболка, мачнина, гадење, повракање, вознемиреност, по што детето станува поспано.Телесната температура може да е нормална, но најчесто е покачена. Телото е оросено со пот. Колку детето е помало, толку симптомите и можноста од компликации е поголема. Кај т.н. ,,доцна” сончаница, симптомите настануваат поспоро, но траат подолго време. Децата се раздразливи, плачливи, вознемирени и скоро секогаш имаат температура.
Со оглед на тоа дека е период на лето и летни одмори, би Ве советувала да Вие и Вашите деца внимавате во кој дел од денот се изложувате на сонце, како би се избегнала можноста од настанување на сончаница!
Автор на текстот:
Спец. педијатар
Др.Моника Топузовска
Превземено од www.bebeboom.mk