Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Стабилноста во семејството...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Стабилноста во семејството – важен фактор за психичкиот развој кај детето

Семејството е сложен систем и сите членови во него се меѓусебно поврзани на различни начини и зависни еден од друг. Тој систем е во постојано менување поради фактори кои се надвор од системот, но и поради индивидуалните промени на членовите внатре во системот. Системот е функционален онолку колку што тој може да се прилагоди на промените, да изнаоѓа нови и креативни решенија и секој пат одново да се враќа во состојба на рамнотежа.

Ако во животот на родителите се случуваат комплицирани ситуации, како на пример, финансиски потешкотии, чести кавги, се наоѓаат пред развод или штотуку ја загубиле работата, тоа веднаш ќе се одрази на сите членови на семејството, особено на децата. Децата се плашат од непознатото и од неочекуваните промени. Тие тежнеат кон стабилност и имаат потреба од мирна средина каде се чувствуваат безбедно, заштитено и безгрижно.

stabilnosta-vo-semejstvoto-vazhen-faktor-za-psihichkiot-razvoj-kaj-deteto-2

Напнатите односи и честите преселби поради кои децата мора да ги менуваат и училиштата, а со тоа ги губат и веќе стекнатите пријатели, ги прави децата несигурни. Одвојување од блиските на подолг период, смрт на блиска личност или пак можеби домашно милениче може децата сосема да ги исфрли од рамнотежа, да ги збуни и да ги исплаши.

Секако, ние не можеме секогап да предвидиме што ќе се случи и да се заштитиме. Овие кризни состојби може да се појават во било кое време и во секое семејство. Затоа е потребно да се создадат цврсти, сигурни темели во животот на семејството, кои ќе го поддржуваат детето и во нестабилните периоди.

Тоа можат да бидат определени семејни ритуали, традиции, заеднички активности, како и меѓусебно помагање, почитување, чувство на отвореност, доверба, сочуство, љубов односно грижливи и внимателни меѓучовечки односи. Колку е постабилно детското секојдневие, толку позаштитено и посигурно тоа и ќе се чувствува. Редот и ритуалите се важен предуслов за добра концентрација и дисциплина кај детето.

Секое семејство има свое темпо на функционирање, свои уникатни карактеристики и свои потреби, различни од потребите на секое друго семејство. Но постојат работи кои му се потребни на секое дете, работи кои му даваат смисла на зборот семејство, односно работи кои можат да ги направат родителите со цел да го потпомогнат раниот психолошки развој кај своето дете и да постават цврста основа на која ќе ги темели своите животни искуства.

Совети за родителите:

Домашна атмосфера

Обидете се да создатете атмосфера во која се чуствува хармонија и љубов.  Ритуалите како заеднички вечерно читање на приказна, саботни прошетки во најблискиот парк или семеен неделен ручек и во тешките периоди на детето ќе му послужат како силна емоционална потпора.

Дневен распоред

Цврсто структуриран дневен распоред исто така е важен за детето. Ако задачите и обврските се јасно определени, на детето ќе му биде полесно да ги исполни. За тоа е потребно  да се навикне домашните обврски да ги пишува во одредено време и на одредено место (пр. на сопственото биро или на дневната маса).  Со здравата навика која ќе ја научи детето и ќе се поттикнува неговата самостојност во тоа поле,  ќе се избегнат непотребни и заморни понатамошни расправии на таа тема.

stabilnosta-vo-semejstvoto-vazhen-faktor-za-psihichkiot-razvoj-kaj-deteto-1

Секако, ова не значи дека од децата треба да направиме војници на кои апсолутно сите работи и активности кои ги прават им се испланирани во детали и кои опсесивно ќе бидат приморани да се држат до тој план. Напротив, ова значи дека детето ќе има исполнето секојдневие во кое ќе има и слободно време за да ги оствари своите креативни потенцијали.

Блиски личности

Постојаните односи со блиските луѓе се многу важни за детето. Луѓе на кои бебето или малото дете е навикнато, не смее наеднаш да исчезнат од неговото видно поле, па дури и во прашање бебиситерка. Одвојувањето треба да е постепено. Ако детето било секој ден по 8 часа со дадилката, на почеток треба да биде по неколку часа дневно, па после тоа секој втор ден , па еднаш неделно и т.н.

Пријатели

Човекот е социјално битие и на детето му се потребни пријатели. Доколку самото има потешкотии да воспоставува нови контакти, помогнете му. Тоа можете да го направите на различни начини, на пр. со организирање на роденденска забава, дружење со пријатели кои имаат деца кои се на приближна возраст со онаа од вашето дете, запишување во спортски клуб и сл.

Миленичиња

Домашните миленичиња можат да бидат добри пријатели на децата и истовремено да ги научат на одговорност бидејќи околу нив е неопходна редовна грижа и внимание.

Дали сум добар родител?

Понекогаш темпото на живот, големиот број на работни обврски  и повеќето животни улоги кои ги имаат родителите плетат мрежа од која тие не знаат како да излезат, не можат да направат баланс помеѓу родителската улога, бракот, пријателите, времето за себе, кариерата и т.н. Родителите  тогаш се чуствуваат изгубено и безнадежно пред помислата: “Дали сум добар родител? Дали направив доволно или можев повеќе? Дали постапив правилно?”.

Добрата вест е дека кога се себеанализираме и ги преиспитуваме нашите родителски ставови, ние всушност сме на добар пат, сме во процес на континуирано учење и се трудиме да бидеме подобри како родители, како партнери и како луѓе. Не постојат совршени родители и совршени деца. Родителите се најголеми учители на своите деца. Но, како и сите најголеми учители на светот, така и родителите не секој пат ги имаат одговорите на сите прашања. За сите оние потешкотии кои детето не умее да ги реши и кои прават родителите да бидат загрижени и ги става во недоумица, добредојдена е консултација кај психолог.

Автор на текстот:

Доковска Тина

Психолог, семеен и системски психотерапевт

 

Превземено од www.bebeboom.mk

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти