Во одделот за Интерна медицина на Промедика Медикал Центар се вршат сите видови интернистички прегледи и консултации.
Во ординацијата се достапни следниве услуги:
- Педометрија - Единствен во Македонија, апарат за педометрија - emed. Специјално наменет за луѓе со шеќерна болет -diabetes mellitus (PDF). Навреме ги открива почетните промени на дијабетско стопало и дијабетска невропатија.
-
Интернистички преглед со ЕКГ - Оваа услуга вклучува високостручен интернистички преглед, како и ЕКГ со најсовремен компјутерски софтвер, за навремено се дијагностицираат сите интернистички и кардиоваскуларни (срцеви) заболувања (PDF).
-
ЕХО кардиографија - со колор доплер е неинвазивна ултразвучна постапка која ја снима структурата и движењата на срцето и ги детектира сите аномалии.
-
ЕХО на внатрешни органи - Оваа неинвазивна постапка овозможува прецизно снимање на структурата и работата на внатрешните органи. Со неа се детектираат и најситните аномалии и навремено се дијагностицираат многубројни заболувања.

- ЕХО на тироидеа (штитна жлезда) - е неинвазивна ултразвучна дијагностика за навремено откривање на патолошки промени на штитната жлезда, како и за следење на нејзината морфологија/структура, големина и крвоснабдување.
- Коронарен стрес тест - го следи кардиоваскуларниот систем при вежбање. Тестот се изведува во удобна седечка позиција, со најсофистициран Ергометар кој е единствен на Балканот и помага при рано дијагностицирање на многу срцеви заболувања.
- ЕКГ Холтер Мониторинг - е 24 и 48 часовен мобилен уред кој ги следи електричните импулси на срцето и е погоден за дијагностицирање на промени на ритамот на срцето и други срцеви заболувања.
- Холтер Мониторинг на крвен притисок - е 24 часовен Холтер мониторинг на Вашиот крвен притисок.
- Дневна болница со интравенска и интрамускулна терапија опремена е со најсовремени болнички кревети со механизми, со цел пациентите да се чувствуваат колку што е можно поудобно, покомфорно, а терапијата ја дава високо образован медицински кадар со долгогодишно искуство.
- Колор доплер на артериски и венски крвни садови -Ултразвучен Колор Доплер е техника за неинвазивно мерење на циркулацијата, т.е техника со која што се испитува протокот низ големите и мали крвни садови на горните и долните екстремитети (раце и нозе) и главниот крвен сад во организмот-аортата. Специјалистот исто така дава и препорака за еластични чорапи или ракави.
- Колор доплер на каротидни артерии претставува неинвазивна дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв.
- Пулмоалерголошки испитувања и одредување терапија. Навремени испитувања со најсовремена опрема, изведени од стручен кадар, се основа за спречување или лечење на акутни и хронични промени на горните и долни респираторни (дишни) патишта. Кај нас се изведуваат следните пулмоалерголошли процедури:
- Спирометрија
- Спирометрија со бронходилататор
- Специфична алерголошка имунотерапија
- Скарификација на лекови
- Пеф мерење дома
- Бронхијална провокација со метахолин
- Мерење на азотен моноксид од воздух од нос и параназални синуси
- Мерење на азотен моноксид од воздух од бели дробови
- Инхалација
- Алерготест со инхалаторни и нутритивни алергени