- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
За прв пат во Македонија имате можност да направите проверка на интолеранцијата на одредени видови храна и хранливи состојки и тоа проследено со стручни совети на лекарскиот тим на Промедика Медикал Центар во соработка со Адриалаб.
Станува збор за 176 видови на храна. Проверете која храна Ви прави проблеми, и решете го проблемот на наједноставен и најбезболен начин со посебен режим на исхрана.
Следете ги светските трендови во медицината и станете свесни за потребите на Вашето тело и процесот за негово заздравување.
Почитувајте го Вашето здравје и прифатете ги придобивките од промената на начинот на исхрана.
Ако чувствувате главоболка, болки во стомакот, грчеви, иритирање, и сето тоа по конзумација на млеко или кикирики, тестенини, омлет и слично, или пак можеби имате и чешање, кожна реакција, кашлање и слично тогаш дефинитивно треба да проверите што се случува со Вашиот организам.
Станува збор за две слични, но сепак различни состојби предизвикани од храна и хранливи состојки. Една иста храна кај некого предизвикува алергија, а кај друг интолеранција на таа храна. Дури се случува и исти симптоми од некоја болест да се карактеристични и за алергија и за интолеранција на храна кај различни луѓе, зависно каква реакција предизвикала храната во организмот на човекот. Значи сличности има многу, но секако, има и многу разлики.
АЛЕРГИЈА НА ХРАНА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА
Симптомите кои се јавуваат при алергија на храна се резултат на тоа што имунолошкиот систем создава една одбрамбена состојка наречена хистамин, против некоја хранлива состојка или напиток. Последиците може да се опасни по живот, и веднаш штом се открие на која храна сте алергични треба да ја отстраните од употреба и да превземете соодветни мерки.
Интолеранцијата на храна стана вистински тренд денеска. Најпозната е интолеранција на лактоза, а според некои истражувања дури 70% од светското население има некакви проблеми со лактозата. Лактоза има во млекото и млечните производи но исто така може да ја има и во лебот, торите и колачите, маргарин, пире во прав, некои лекови, преливи за салати, сувомеснати производи, супи и сл. Затоа внимавајте што јадете ако сте лактоза интолеранс. Добрата работа е што при реакцијата не е вклучен имунолошкиот систем. Интолеранцијата е поврзана со неспособноста на организмот правилно да ја вари храната, а тоа предизвикува реакција. Но лактоза интолеранс е само еден тип на интолеранција на храна. За да бидете сигурни дека тоа што го јадете навистина е корисно за Вашиот организам потребно е да направите тест за интолеранција, а по добиените резултати, лекарот препорачуваа соодветен начин на исхрана.
АЛЕРГИЈА НА ХРАНА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА
За да утврдите дали се работи за алергиска реакција или пак интолеранција на храна, неопходно е да посетите доктор, кој според Вашата анамнеза, ќе утврди дали е неопходно да направите алерготестови или денес најпопуларниот тест за интолеранција на храна.
Промедика Медикал Центар во соработка со Адриалаб Ви го овозможуваат најновиот тест за интолеранција на 176 видови храна. Резултатите од тестот ги добивате заедно со изработен индивидуален план за исхрана од страна на стручниот медицински тим.
Превземи pdf (Разлики меѓу алергија и интолеранција на храна)