Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Алергиски коњуктивити

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Алергиски коњуктивити

Алергиските коњуктивити се воспалителни реакции на коњуктивата на алергени. Тие се дел на поголема системска атописка реакција – односно присаство на алергиска конституција. Најчесто се сезонски заболувања, иако не се ретки и типовите на алергиски коњуктивити кои траат преку целата година.

Алергиските коњуктивити се една од најчестите форми на коњуктивит, се смета дека околу 30 % од сите коњуктивити се алергиски. Исто така, се смета дека околу 40 % од населението имаат во текот на животот некоја од формите на алергиски коњуктивит.

konjuktivit

Постојат неколку типови на алергиски коњуктивити:
1. Акутна форма како нагла реакција на некој амбиентален алерген, на пример алергија на мачка или куче. Се јавува само при контакт со алергенот и трае кратко. По престанок на контактот со алергенот исчезнуваат симптомите.

2. Сезонска форма која се појавува во одреден дел од годината, како што се алергиите на полени или Верналниот коњуктивитис (започнува во пролет и трае се до крај на лето и почеток на есен). Тие траат подолго, може да се присатни повеке месеци и се повторуваат повеке години во истиот период од годината.

3. Алергиски коњуктивити кои се активни преку целата година – како алергиите на домашна прашина или мувла, како и атопискиот коњуктивитис.

Коњуктивитите можат да се јават како изолирана форма, како комбинација со алергиски ринитис - Ринокоњуктивитис и многу поретко, во склоп на поинтензивни алергиски реакции, Астма или дерматитис.

Симптомите на алергиските конјуктивити се:
- оток на капаците
- црвенило и оток на коњуктивата
- нагласен свраб и зголемено солзење, со или без присаство на симптоми во носот - кивање, секрет од нос и оток на носна слузница.

Во однос на деловите на окото кои се зафатени со заболувањето конјуктивитисот може да е изолирана форма, да ја зафати само коњуктивата или поретко да зафати и други делови на окото како роговицата. Втората форма на конјуктивитиси се посериозни зошто можат да направат лузни на роговицата, а со тоа да придонесат во намалување на видната острина.

Во последно време има и една посебна врста на алергиски коњуктивити, кои се јавуваат кај носители на контактни леќи, а се резултат на два фактора- механичката иритација од контактната леќа и преосетливост на некоја од компонентите на растворот за чување на контактните леќи.

Превенција и третман

Без оглед на типот на алергија, кај ситеосновна е препораката за избегнување на алергенот. Пример: кај поленските алергии – намален престој надвор, во природа, почесто миење на лицето и очите. За алергиите од прашина – зголемена хигиена во домот, отстранување на завеси, теписи, почесто пребришување на подот....

Терапијата се состои во избор на неколку типови на лекарства, кои се бираат во зависност од типот на коњуктивитис:

Локалните антихистаминици во облик на капки се прв избор, потоа стабилизатори на мастоцити, кортикостероиди – кои во последно време не се лекови на избор со оглед на нивните несакани дејства и понекогаш антихистаминици во облик на таблети ако коњуктивитот има и системска манифестација ...

Како дополна на превенцијата и терапијата може да се даваат и други терапевтски средства- например вештачки солзи кои ги измиваат и разблажуваат алергените од окото, ладни компреси на капаците за намалување на отоците, промена на растворот за чување на контактни леќи ...

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти