Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Акутен миокарден инфаркт (срцев...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Акутен миокарден инфаркт (срцев удар)

Акутен миокарден инфаркт (срцев удар)

Акутен миокарден инфаркт е изумурање на дел од срцевиот мускул поради ненадејно прекинување на циркулацијата на дел од некоја од артериите кои го исхрануваат срцето. Акутниот инфаркт е последната фаза или само една од формите во развојот на коронарна болест (исхемична срцева болест,  ангина пекторис, нестабилна ангина, вазоспастична ангина и асимптоматска миокардна исхемија).

Причини за болеста

Срцевиот мускул се снабдува со крв преку две главни (коронарни) артерии- лева и десна. Промените што се јавуваат во овие крвни садови се должат на процесот на атеросклроза при што настанува задебелување, стеснување и запушување на ѕидовите на крвните садови на срцевиот мускул, а со тоа доведуваат до намалена циркулација,за да последователно се јави изумирање на дел од срцевиот мускул. Најважни ризик фактори кои доведуваат до оваа состојба се: наследување (генетска предиспозиција), возраст, пол (почесто се јавува кај машкиот пол), дијабетес, висок крвен притисок, пушење, покачени нивоа на различни видови маснотии во крвта, дебелина, физичка неактивност итн. Присуството на повеќе ризик фактори во исто време ја зголемува можноста за коронарна болест во некоја форма, вклучително и миокарден инфаркт.

Клиничка слика

Акутниот миокарден инфаркт е проследен со различни симптоми. Најважен симптом е градната болка. Болката се јавува најчесто наутро, по физичка активност, обилен оброк или кога е ладно. Локацијата на болката е зад градниот кош, таа е многу силна во интензитет и во карактер наликува на прилепување, печење или дури и расцепување во градите. Болката во инфарктот трае повеќе од половина час и обично е посилна и подолга од сите претходни напади ако пациентот веќе имал напади во градите. Болката обично се шири до рамото, левата рака или долната вилица. Тоа може да биде придружено со изразено потење, мускулна  слабост и чувство на гушење поради недостаток на воздух и страв од блиска смрт. Сепак, болката како симптом, може да биде отсутна (особено кај пациенти со дијабетес), а потоа  другите придружни симптоми може да покажат дека е миокарден инфаркт. Неретко има и симптоми на болка во горниот дел на стомакот, во предел на желудникот и во акутните моменти нагони на гадење и повраќање.

heart attack

Терапија и дијагноза

Во случај на таква болка, првиот чекор што треба да се преземе е да се прекине активноста што довела до болка, да се стави нитроглицерин под јазикот (доколку се има при рака, кај срцеви болни) и брзо да се контактира лекар или итна медицинска помош. Превентивно е корисно да се џвака една таблета Аспирин од 500 мг или Андол од 300 мг. По пристигнувањето на медицинскиот персонал, пациентот   треба строго да се придржува до нивниот совет.

Присуството на инфаркт најчесто може да се утврди со евидентирање на ЕКГ, ехокардиографија и специфични лабораториски тестови. Пациентите со акутен миокарден инфаркт се сместуваат во коронарната единица и се третираат по современи препораки. Кај луѓето кои имале акутен миокарден инфаркт администрацијата на одредени лекови има најголем ефект во период  од помалку од 2 часа од почетокот на болката, а од витално значење е поставување на стент во тој временски период (коронарографија).

пишува Д-р. Сузана Мијовска, спец. интернист

 

 

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти