Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Правилен раст и развој...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Правилен раст и развој на децата

Правилен   раст  и  развој  на  децата

Пореметувањата во развој на најмладата популација на коскено-зглобно-мускулниот систем се секогаш актуелен проблем. Денес проблемот особено е присутен поради современиот начин на живот т.е. секоја година сѐ поголем број на деца имаат деформитет на рбтетот. Причините не се секогаш познати но со сигурност настануваат во најраната возраст. Покрај деформитетите на рбетот денес се повеќе се среќаваме со гојазност, хипотрофија на мускулатурата, рамни стапала, деформитети на долните екстремитети. Постојат податоци дека рамните стапала се застапени во 90 проценти од детската популација, а причина e современиот стил на живеење.

Денес децата се физички помалку активни, голем процент се неактивни. Не се играат детски игри во природа и надворешен амбиент. Играњето се сведува на игри на компјутер, лаптоп, телефон и покрај телевизор. Начинот и стилот на животните навики е наполно сменет. Мора да се спомне и одсуството на родителите и трката по финансиска благосостојба, а за децата се има сѐ помалку време.

Меѓу причините се и условите во училиштата. Важна улога имаат школските клупи, положбата на седење, осветлувањето, проветрувањето, хигиената, времето поминато на столче. Потребно е одморот меѓу часовите да биде активен.  Школските ташни (торби) се ризик фактор за правилно држење на телото со пренапрегнување на одредени сегменти и преголем товат за детската фигура. Положбата секако е важна и во домашни услови како и времето поминато надвор со играње и трчање.

Факторот исхрана дополнително ја преполнува чашата. Денес се храниме претежно со брза храна која не го задоволува дневниот внес на потребните енергетски состојки кои се многу важни за правилен раст и развој на детскиот организам (протеини, минерали, витамини, микроелементи, соли, вода).

Секако најзначаен ризик фактор е физичката пасивност. Недостатокот на физичка активност директно влијае на правилниот развој на мускулите, коските и лигаменто-тетивниот апарат. Наставата по физичко воспитување треба да биде застапена со поголем фонд на часови, а секако и активно учество на децата во истите.

Препорака до секој родител – да биде активен посматрач на своето дете, да го следи будно развојот, активностите и потребите за правилен раст и развој на детето. Доколку се приметат отстапувања да се побара совет, помош или мислење од стручни лица, пред се од докторите (матичен, ортопед, физијатар), потоа од класните раководители и професорите по физичко воспитување.

 пишува Д-р Ирина Попдимитрова Митревска, спец. по физикална медицина и рехабилитација 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти