Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Училиштето како нов дел од...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Училиштето како нов дел од животот на децата

                 Училиштето како нов дел од животот

Убаво е кога ќе дојде и тој период од животот, кога за прв пат се тргнува во училиште, местото кое ќе стане дел од животот на секое дете. Во училиштето сите ние стекнуваме по некој вреден подарок кој ќе остане до крајот на животот, независно дали е тоа некој успех или признание, пријателство  или другарство кое ќе трае, спомен од училишните часови и одмори, сеќавања на нашите драги учители кои нѐ вовеле во основите на образовниот процес.

Училишните денови се исполнети со искуства, позитивни или помалку вредни за паметење, но сите ние го паметиме денот кога за прв пат сме седнале во училишните клупи, кога сме станале првачиња. Возбудата е голема и кај децата и кај нас родителите. Заедно ги споделуваме миговите на неизмерна среќа и радост, а сѐ со една цел-да се означи денот кога се станува  прваче. Од големо значење е децата да бидат психички подготвени за првиот училишен ден, но и за училиштето воопшто.Треба да знаат дека училиштето е место каде што ќе се образуваат, ќе научат да читаат и пишуваат, ќе стекнат многу нови другарчиња со кои ќе минуваат низ целокупниот процес на учење.

Пред да тргне детето во училиште најдобро е да посетува градинка/забавиште што е од голема корист во остварување на понатамошните обврски, почитување на одредена дисциплина, пишување домашни задачи, стекнување на поголема самодоверба и чувство на одговорност кон зададените задачи. Многу е важно да се разговара со детето, да му се објасни што точно преставува училиштето и што му престои во животот.

school

Психолозите сметаат дека кога детето чуствува радост заради првиот училишен ден тоа позитивно се одразува на неговите идни успеси во училиштето. Затоа, многу е важно двајцата родители да присуствуваат на првиот училишен ден. Ова помага за зголемување на самодоверба кај детето. Така детето–прваче ќе биде успокоено и бескрајно среќно. Важно е детето претходно да го разгледа училиштето каде што ќе учи, за да добие поголема престава за тоа. Одете заедно во книжарница да ги купите книгите и потребниот прибор за малиот ученик. Објаснете му на детето како треба да се однесува во училиште,  на часовите, кон учителите и кон другите деца.

Првиот училишен ден е искуство кое и детето и родителите го паметат целиот живот, затоа да се потрудиме тој ден да биде посебен за нашите деца, исполнет со многу љубов, среќа, внимание. Да им покажеме дека од овој миг зачекоруваат по нов пат во животот исполнет со нови предизвици, со кои ќе се соочуваме заедно. Ние родителите секогаш ќе бидеме тука да им ја пружиме најголемата поддршка и поткрепа на нашите деца, а тие ќе ни возвратат со нивните успеси во животот.

Во периодот кога децата почнуваат со училиште да не се заборават и  дополнителните активности за кои детето покажува интерес.  Спортот има многу големо значење во правилниот раст и развој на детето. Физичката активност влијае на правилниот физички, ментален и психички развој и децата стануваат посреќни и поисполнети, полни со позитивна енергија и убави мисли. Вака нашите деца ќе израснат во личности кои се правилно насочени во животот, за да и тие ги пренесуваат своите знаења на идните генерации.

 Пишува  д-р Моника Топузовска, специјалист по педијатрија

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти