Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Неволно мокрење (трет дел)

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Неволно мокрење (трет дел)

Неволно мокрење (како да си помогнете, грижа и исхрана - трет дел)

Соодветната грижа и правилната исхрана имаат голема улога во надминувањето на проблемот со неволното мокрење. Стрес инконтиненција е кога се испушта неволно мала количина на урина кога има притисок врз мочниот меур (кашлање, кивање, смеење). Ургентна инконтиненција, "преактивен" мочен меур, е кога постои силна потреба за ургентно, во тој момент, мокрење.

Ако неволното мокрење не може да се контролира потребно е да се носат секојдневни упивателни влошки. Потребно е да има редовно празнење на дебелото црево за да се избегне запек (опстипација). Тоа се постигнува со внес на храна богата со влакна (целулоза). Се препорачува да се јадат дневно 5 порции овошје и зеленчук, а посебно се препорачува брокулата, која содржи големи количини на витамин Б. Овој витамин е многу важен за правилното функционирање на нервниот систем и може да ги смири надразнетите нерви, вклучувајќи ги и нервите на мочниот меур. Исто дејство има и магнезиумот, кој го има, пред сè, во мешункастите растенија и во семките од тиквата.

Посебна исхрана (диета) при проблем со неволно мокрење не постои но некои работи што се јадат и пијат може да ги влошат симптомите особено ако постои "преактивен" мочен меур.

Се советува да се избегнува одредена храна и пијалоци кои може да се мачни за некои луѓе, а за некои не. Затоа треба исхраната да се индивидуализира. Се елиминираат пијалоците и храната за која се сомневате дека ви прави проблеми или ги влошува симптомите. Потоа тие продукти се внесуваат во исхраната еден по еден во мали количини да видите дали ги толерирате.

Треба да се пие доволна количина на течности. Ако не се пие доволно вода може да се дехидрира. Намалување на количеството на внесени течности ме треба да се случи, тоа не помага да се намали неволното испуштање на урина, туку напротив: ако телото добива помалку течности, урината станува поконцентрирана и ја надразнува слузницата на мочниот меур. Долгорочно гледано, ако не се внесуваат доволни количини на течност, мочниот меур може да стане помал, со помал капацитет.   

неволно_мокрење

Алкохолот има директен ефект на мочниот меур, ја намалува контролата и делува како средство за мокрење (диуретик). Алкохолот интерферира со невролошките сигнали (кога да мокрите, кога да ја задржите урината) од мозокот до мочниот меур. Со алкохолот се намалува контролата на сигналите и може да се случи непријатност. Кофеинот има двојно несакано дејство кај луѓето со инконтиненција. Од една страна го стимулира мочнниот меур и воедно делува како диуретик. Кофеинот го има во безалкохолните пијалоци, многу чаеви, чокалади, а во мали количини и во декофеинизираното кафе. Најдобро е од исхраната да се исфрли кафето и пијалоците кои содржат кофеин но прекинот со пиење кафе може да биде тежок. Затоа треба да се направи напор барем да се намали внесот на испиено кафе. Исто така, треба да се избегне пиење кафе по 19 часот, за да се избегне ноќното станување за мокрење.

При неволно мокрење можеби од исхраната ќе треба да се исфрлат и лутата храна, киселите продукти и газираните пијалоци. Лутата храна ја иритира слузокожата на мочниот меур. Пожелно е да се избегнува кисело овошје, вклучувајќи и сок од портокали, лимони, грејпфрут, брусница. Киселите овошја и сокови се со висока киселост (ацидитет) и имаат тенденција да го иритираат мочното кесе. Брусницата помага при инфекции на мочното кесе но не помага кога има неволно мокрење.

Многу жени со "слаб" мочен меур имаат прекумерна телесна тежина. Во контрола на инконтиненцијата помага и одржување на нормална телесна тежина. Постепено намалување на тежината дури и за 5-10% од почетната помага во намалување на симтомите.

Пишува д-р спец. Маја Милованчева-Поповска, интернист-нефролог

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти