- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Инконтиненција може да влијае на социјалните активности, кариерата и емоционалните врски. Третманот зависи од тоа колку се симптомите изразени и колку влијаат на секојдневниот живот. Бидејќи овој проблем најчесто е последица на слабост на мускулите на карличното дно, воглавно може успешно да се лекува. Има четири типа на третман за стрес инконтиненцијата: вежби за мускулите на карличното дно, промена на навиките, лекарства и оперативен третман.
Мокрењето е по некаков ред, со или без чувство за мокрење. Одложување на мокрењето бара помеѓу две мокрења да се почека колку што се може до следниот нагон. На почеток, можеби ќе има потреба да се мокри секој час но постепено ќе може да се продолжи времето помеѓу две мокрења на 3-4 часа.
Кегелови вежби се вежби за зајакнување на мускулите на карличното дно, помогаат во контрола на испуштањето на урина и ги ублажуваат симптомите. Тие го зајакнуваат сфинктерот на мочниот канал. Докторот Арнолд Кегел уште во 1948 г. прв ја предложил примената на вежбите за зајакнување на мускулите на карличното дно, со цел да се подобри тонусот и функцијата. Тоа се вежби на волно стегање и олабавување на мускулот, кој има важна улога во одржувањето на притисок на мочниот канал. Основната Кегелова вежба е многу едноставна. Карличните мускули се стискаат (контрахираат) десетина секунди, потоа се олабавуваат (релаксираат) десетина секунди. Оваа вежба треба да се изведува по десет пати, три пати дневно. Вежбата не бара многу слободно време, се изведува без дополнителна опрема и може да се изведува во било кое време и на било кое место. Изведување на Кегеловите вежби во тек и по бременоста може да го намалат ризикот за развој на стрес инконтиненција по породувањето. Кај луѓе кои имаат потешкотии во изведување на вежбите и електрична стимулација може да е корисна.
Ако се дијагностицира инфекција таа се лекува со антибиотици и/или уроантисептици. Останатите лекарства (антихолинергици, антимускарински лекови, алфа-адренергични агонисти) делуваат кај болни со блага до умерена стрес инконтиненција. Тие може да се користат сами или во комбинација. Кај жени во менопауза понекогаш вагинално аплицирање на крема со естрогени помага. Но жени со историја за канцер на града или на матка вообичаено не треба да користат естрогенска терапија за третман на стрес инконтиненцијата.
Кога тегобите се силно изразени и го реметат нормалното живеење треба да се размислува и за хируршко лекување. Пред да се предложи хируршки третман треба да се исцрпат останатите можности, конзервативни третмани. По хируршки пат мускулите на дното на карлицата може да се зајакнат.
Лекарска помош треба да се побара ако инконтиненцијата трае подолго од 2 недели, ако чувствувате дека не можете да се доизмокрите, односно мочниот меур е полно и по мокрењето, ако сте на возраст над 60 години и инконтиненцијата сега се јавила за прв пат, ако имате запек подолго од една недела.