Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Неволно мокрење (incontinentio...

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Неволно мокрење (incontinentio urine)

                                             Неволно мокрење (incontinentio urine)                                                  (причини, симптоми, иследувања - прв дел)

Секоја петта жена по 40-тата година од животот страда од неволно мокрење, инконтиненција, слабост на мочниот меур. Ако имате изненадна потреба за мокрење која не можете да ја контролирате, тогаш кај вас веројатно се работи за уринарна ургентна инконтиненција. Се смета дека е предизвикана од лесна инфекција на мочните канали. Ако постои неспособност да се контролира задршката на урина при кашлање, кивање, трчање, дигање на товар или при брза промена на положбата на телото (при брзо станување) или при други физички активности тогаш имате стрес инконтиненција. Пореметувањето е многу непријатно но не е опасно по живот.

Инконтиненцијата може да настане одеднаш и да трае кратко време или пак може да перзистира долг период на време. Причини за инконтиненција која се јавува одеднаш и е привремена се лежење во постела по оперативен зафат, лекарства, ментална конфузија, бременост, инфекција на простатата, опстипација, инфекција на мочните патишта, гојазност. Сепак најчеста причина е слабост на мускулите на дното на карлицата кои го потпираат мочниот меур и го затвораат мочниот канал. Тие мускули може да се повредат при породување или оперативен зафат на простатата кај мажи, може да се прерастегнати кај гојазни или се менуваат со процесот на стареење. Исто така има и некои невролошки, ментални и мускулни пореметувања кои влијаат на нагонот за мокрење (Alzheimer-ова болест, мозочен удар, мултипла склероза, депресија, оштетување на рбетниот мозок).Инконтиненција може да се јави и при карцином на мочен меур, зголемена простата, по зрачна терапија во малата карлица, пелвичен пролапс кај жени – пад на мочниот меур, мочниот канал или ректумот во вагината.

nevolno_mokrenje

Нормално мочниот меур може да собере 2-3 чаши, 350-550 мл. Контролата на актот на мокрење зависи од два мускула: сфинктер (се наоѓа околу мочниот канал и се стега за да не истекува урина) и детрузор (мускул на мочниот меур кој се релаксира за да може да се исполни). Кај стрес инконтиненцијата, најчеста кај жени,  постои слабост на сфинктерот кој не е во состојба да го спречи неволното мокрење. Почесто се јавува кај жени кои имале повеќе бремености и породувања и кај кои по оперативен пат е извадена матката. Ова може да доведе до "пролапс", спуштање на органите од малата карлица.

Пореметувањето е многу непријатно, заморно и вознемирувачко но не е опасно по живот. Најчестисимптомисе неволно мокрење и мала количина на урина која спонтано излегува при притисок (кивање, кашлање). За да се надмине овој проблем најпрво е потребен лекарски преглед. Ако постои сомнение за инфекција ќе треба да се испита урина и уринокултура. Ако нема инфекција се прават други иследувања со кои ќе се утврди причината.

Се прави и ехосонографија на мочните патишта, мала карлица и гениталните органи, проценка на резидуална урина (урина која заостанува во мочниот меур по измокрување), уродинамска студија (тестови за мерење на притисокот и млазот на урината), цистоскопија (да се види внатрешноста на мочниот меур), уринарен стрес тест (болниот со полн мочен маур да се накашла).

Пишува д-р спец. Маја Милованчева-Поповска, интернист-нефролог

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти