Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Миопија (Кратковидост)

Неуропедијатрија

Повеќе

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Миопија (Кратковидост)

Кратковидост е состојба каде зраците кои влегуваат во окото се собираат во фокус кој е пред мрежницата, центарот за вид, наместо да паднат на мрежницата. Поради тоа кратковидите луѓе гледаат матно на далечина, а релативно добро на близина. Затоа кратковидите имаат проблем при гледање телевизија, при возење на автомобил, учениците имаат потешкотии да гледаат на таблата во училиште. Во обид  малку да си олеснат кратковидите луѓе често подмижуваат со што се обидуваат да ја изострат сликата во далечина. Инаку оваа состојба се сретнува од детската возраст, 5-6 години до средните години, 40 и повеќе. Миопијата постои ако постои поголема закривеност на роговицата, ако е подолга оската на окото (повеќе од 24 мм), ако постои поголема диоптриска јачина на очната леќа .

Клиничка слика

Кратковидоста може да има две презентации:  бенигна, школска миопија и потешка форма, малигна дегенеративна миопија.

Бенигна миопија се јавува на возраст од 6-15 години, не преминува повеќе од -8,00 диоптрии и нема промени на ретината и другите очни структури. Се корегира со слаби стакла кои даваат добар централен вид.  Прејаката корекција во ваквата ситуација доведува до акомодативни потешкотии, можност и за главоболки. 

 miopia

 

 

Малигната миопија поретко се јавува. Диоптријата нагло расте, често преминува -8.00 диоптрии  со постепена појава на дегенеративни промени на мрежницата и хориоидејата, стакловината дури и видниот нерв. Овие пациенти многу често ја менуваат диоптријата, имаат потешкотии во периферниот вид и ноќе гледаат слабо. Важно е овие пациенти да одберат занимања каде видот не се замара многу, без потешка физичка работа, исхраната да биде богата со витамини потребни за правилно функционирање на окото и треба да се даде послаба корекција за да се намали акомодацискиот замор.

Дијагноза и лекување

Степенот на миопијата се одредува со офталмолошки испитувања: се мери диоптријата со рефрактометар или се прави скијаскопија. Потоа се прави проба со диоптриски стакла: се дава најмалата минусна диоптрија со која се постигнува добар вид . Освен очила кај овие пациенти може да се дадат и контактни леќи или да се направи хируршка процедура позната како Ласерска корекција на диоптријата. Зависно од висината на диоптријата, дадената корекција  треба да се носи или постојано или повремено, кога треба подобра прецизност во видот на далечина: гледање телевизија , возење автомобили, во училиште и т.н. Се советува диоптриска контрола кај офталмолог на одредени интервали за следење на промените кои со годините може да се појават.

 пишува д-р Лазареска Лидија, специјалист офталмолог

 

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти