Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Алергија на сонце

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Алергија на сонце

Еден од почестите проблеми во тек на летните одмори е алергијата на сонце или медицински кажано Полиморфна светлосна ерупција. Медицинското име говори многу за состојбата: полиморфна значи дека се јавува со најразлични симптоми и знаци, односно од чувство на пецкање и чешање, ситен осип во ниво на кожа или поголеми брунчиња и меурчиња кои стануваат се побројни и постепено се спојуваат во црвени, отечени и болни површини, пратени со постојан, неподнослив јадеж. Светлосна значи дека се јавува при изложување на сонце, а дерматоза дека се манифестира на кожата. Статистиката вели дека се засегнати околу 10 до 20% од популацијата, најчесто се јавува кај луѓето на возраст од 20-40 години, но тоа не значи дека не може да се јави кај малите деца или кај повозрасната популација.

Кај еден дел од луѓето со алергија на сонце, оваа состојба се јавува на пролет, кога ќе почнеме да носиме облека со кратки ракави или ногавици. На откриените делови на кожата најчесто се јавува пецкање (како со иглички) и чешање, бидејќи природните механизми на кожата за заштита од сонце сѐ уште не се доволно активирани. За среќа оваа непријатност најчесто исчезнува после краток период, кога кожата ќе се адаптира на сонцето.

Кај останатите, алергија на сонце се активира кога ќе отидат на одмор. По неколку часа или најдоцна 2-3 дена од почеток на сончањето, се јавува пецкање, чешање и ситен осип прво на помала површина од кожата, а наредните денови јадежот и осипот на кожата зафаќаат сѐ поголема површина од кожата и стануваат сѐ поинтензивни и понеподносливи. Штом се развие, перзистира 7-10, па и повеќе денови, што води до сериозно нарушување на квалитетот на одмор. За жал, ваквата состојба не ретко се повторува и неколку години по ред.

sun_allergy

Советите за заштита од алергија на сонце се следните:

1. Адаптирајте ја кожата на сонце, со постепено изложување на сонце во утринските или послепладневните часови од денот;

2. До колку земате некакви лекови, пред да појдете на одмор одвојте малку време за да ги  прочитате упатствата за нив. Одредени лекови со своето дејство ја прават кожата многу осетлива и со тоа се зголемува можноста за развој на алергија на сонце, пигментација или други промени при изложување на сонце.

3. Бета-каротен -кај некои од луѓето е забележано избегнување на појава на алергија на сонце при внес на овој витамин, неколку недели пред планираното одење на одмор;

4. Заштита од сонце со производи за заштита од сонце. Кај дел од пациентите овие производи ќе ги спречат УВте зраци да ја активираат алергијата на сонце. Но, поголемиот дел од пациентите ќе мора да се насочат кон препарати кои ја заштитуваат кожата од сонце, а кои содржат и активни состојки коишто истовремено го спречуваат откочувањето на алергиската реакција во кожата. Овие препарати се специјално направени да ја заштитат кожата за време на летните одмори и од сонцето и од појава на алергија на сонце (во Македонија е достапен Eucerin®SUN Allergy protect);

5. До колку претходниве совети не ви помогнат, ќе мора да се обратите за совет кај соодветно медицинско лице, кое ќе вклучи лекови (со локално дејство или за пиење) за да се смират знаците на алергија на кожата.

 пишува д-р Соња Петрушеска, дерматолог

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти