Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Когнитивно – Бихејвиорала...

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Когнитивно – Бихејвиорала терапија

 

Што претставува Когнитивно – Бихејвиорала терапија

Когинтивно – Бихејвиоралана терапија  (КБТ) е вид на психотерапија, која го нагласува влијанието на мислите врз чувства и нашето однесување.

Како функционира КБТ ?

Секој КБТ пристап е базиран на когнитивниот модел на емоционална реакција, кој подразбира дека нашите мисли ги предизвикуваат нашите емоции и нашето однесување, а не надворешните случувања сами по себе. Тоа значи дека е возможно да се чуствуваме и однесуваме добро и покрај тоа што несаканата ситуација е присутна или не е променета.

Како? Со тоа што го менуваме начинот на кој размислуваме во врска со таа ситуација.

Оваа промена на начинот на размислување носи:

  • Реална процена на непријатноста што потекнува од некое случување и мислење базирано на факти, а не на претпоставки.
  • Поголема толеранција на привремен неуспех и непријатност.
  • Прифаќање на себе и другите како луѓе кои може и да погрешат.
  • Можност за остварување на до тогаш тешко остварливи цели.

Во однос на останатите психотерапии КБТ е :

  • Пократка–очекуваните психотераписки резултати се постигнуваат за краток број на сеанси.
  • Дирекна-насочена на актуелниот проблем и ориентирана на постигнување на целите поставени од самиот клиент

cbt

Каков е клиентот  во КБТ ?

Клиентот во КБТ има активна улога, поставува цели, активно работи да го промени своето мислење, пробува нови облици на однесување и извршува разни видови на домашни задачи. Овие “домашни задачи“ се неопходни за да клиентот и после часот поминат на психотерапија би ги совладал презентираните техники и би ги применувал во иднина во својот живот за да се чуствува подобро. КБТ му овозможува на  клиентот да открие дали базичните верувања што ги има научено во минатото во однос на себе, другите и светот се точни, реални и корисни за сегашноста.

Каде се применува КБТ ?

Истражувањата покажуваат дека КБТ може успешно да се применува кај луѓе со различни клинички и неклинички проблеми како што се:

  • Депресија
  • Генерализирано анксиозно растројство
  • Панични напади
  • Социјална фобија и анксиозност
  • Хипохондрија
  • Опсесивно- компулсивно растројство
  • Стрес
  • Burnout
  • Problem solving

Добри резултати се постигнуваат со примена на КБТ во комбинација со медикаментозна терапија, доколу е неопходна во дадениот случај.

 

                                         Пишува д-р Тина Темелковска, психијатар

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти