Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Дијареа - пролив кај деца

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Дијареа - пролив кај деца

Дијареа-пролив е една од почестите патологии со кои се сретнуваме при секојдневната работа во нашите ординации, особено во летниот период од годината.

Појава на повеќе од три течни столици за време на 24 часа се нарекува пролив. При тоа важна е конзистенцијата, а не бројот на столиците. Чести, формирани столици не се сметаат за дијареа. Важно е да се знае дека доенчињата кои се исклучиво на природна исхрана-мајчино млеко често имаат ретки или кашести столици, што не претставува пролив.

Акутниот пролив, најчесто е предизвикан од вируси (rotavirus), бактерии (Ecsherichia coli, Shigella, Salmonella, Campylobacter) и протозои (Entamoeba hystolitica).

Инфективните агенси најчесто се пренесуваат по фекално-орален пат, при внес на загадена храна или вода или преку директен контакт по аерокапков пат, преку загадени раце или предмети.

Неретко, проливот може да има и друга етиологија и да е резултат на алиментарни токсико инфекции - труење со храна, употреба на антибиотици кои ја уништуваат нормалната цревна флора и предизвикуваат гастроинтестинални тегоби проследени со пролив, потоа може да биде предизвикан и поради психички стрес и.т.н.

Најчесто проливите се јавуваат помеѓу 6 и 11 месеци. Во таа возраст се воведува немлечна храна, доенчето почнува да лази, а нивото на антитела добиени од мајката се намалува.  Во овој период проливите можат да се манифестираат и со потешка клиничка слика. Клиничката слика започнува со појава на чести воденести столици, кои многу често се проследени и со појава на повраќање, мачнина, болки во стомакот и покачена телесна температура.

Вообичаено лекувањето започнува во домашни услови, кога клиничката слика и не е многу тешка, со превземање мерки за да се спречи евентуалната дехидратација, преку внес на течности и електролити во облик на орална рехидратација, а потоа и со постепено венсување на храна (адсорбенси), како би се спречило и нутритивното пореметување.

Количината на течност која треба да се внесе изнесува после секоја ретка столица е 50-100 мл кај деца до 2 години, 100-200 мл кај деца до 10 години и неограничено над 10 години. Се дава вода, орален раствор за рехидрација, јогурт, оризова вода, сок од јаболко. Типот на храна кај доенчињата кои се на мајчино млеко останува иста со интензивно доење, а потоа и пасирана храна-ориз, компир, морков, бело немасно месо, риба, банана и печено јаболко. Никако не смее да се внесува храна богата со шеќери, бидејќи истите ја влошуваат состојбата со дијареата.

Доколку и покрај хигиено-диететскиот режим на внес на храна и течности состојбата кај детето не се подобрува потребно е веднаш да се однесе во болница.Тоа се случаи на перзистирање на проливот и после 24 часа од појавата, покачена телесна температура, често повраќање, појава на крв во столицата, појава на осип по телото, висока температура, пореметена свест. Овие состојби бараат подетални испитувања за докажување на природата на проливот.

Во третманот на дијареата најголема улога има правилно внесување на течности и електролити, како и постепено внесување на храна. Употребата на антибиотиците е оправдана само во случаите кога се работи за бактериска етиологија на болеста, кај доенчина до 6 месеци и кај имунодефициентни деца кај кои параметрите од земените анализи укажуваат на бактериска инфекција. Во сите други случаи лекувањето е симптоматско. Голема улога во подобрување на оваа состојба има употребата на пробиотиците, добри или корисни бактерии, кои ја нормализираат цревната флора.Тие заедно со правилната исхрана-диета се клучни во терапијата кај најголем број од настанатите проливи.Затоа, најдобро е пробиотиците да се внесуваат и подолг периог од повлекувањето на симптомите на дијареата.

пишува Д-р Моника Топузовска, педијатар

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти