Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Ноќно мокрење - Ноктурија

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Ноќно мокрење - Ноктурија

Ноктурија е "будење ноќе заради мокрење", не се одредува бројот на ноќни мокрења. Ноктурија е ако ноќе се измокри 30% или повеќе од вкупно измокрената урина за 24 часа. Проблемот е сериозен, особено ако е почесто од два пати преку ноќ.

Не е грешка да се каже Никтурија (grč. nyx) или Ноктурија (lat. nox), двата збора се однесуваат на (грчка или римска) божица на ноќта.

Тешко е да се одреди колку често се јавува. Исто е честа кај двата пола и е во пoзитивна корелација со возраста, кај постари од 45 години се јавува кај 11-31%,

Две состојби се можни: "будење поради потреба за мокрење" - права никтурија и "кога сум веќе буден ајде да се измочам " што не треба да се смета за ноктурија.

Ноќното мокрење води до испрекинат сон, недоволно сон со лош квалитет. Резултатот е дневен умор, нервоза, напнатост, намалена концентрација.

Постојат три причини за за никтурија: проблеми со балансот на течности, невролошки болести кои влијаат на контролата на бешиката и пореметувања на долен уринарен тракт.

Полиурија (преку ден и ноќ)-волумен на урина >40 мл/кг/24 часа се јавува поради ексцес на внес на течности (и алкохол), дијабетес мелитус, дијабетес инсипидус, хиперкалемија, бубрежна слабост.

Ноктурална полиурија, нормален волумен на урина за 24 часа, со ноќен волумен >35% од вкупниотволумен се јавува поради ексцесивен внес на течности навечер (и алкохол), диуретици (лекови за измокрување, зависи од тоа кога во денот се земаат), пореметено лачење на вазопресин (антидиуретски хормон)-почесто кај постари, редистрибуција на течностите (срцеви едеми, други причини за едеми, венска стаза), Sleep apnea.

nokturija

Нефролошки причини: Мочниот меур е контролиран преку мозокот, рбетниот мозок и периферните нерви. Многу невролошки состојби влијаат на функцијата на мочниот меур. Ноктурија може да се јави поради мултипла склероза, компресија на рбетниот мозок, Паркинсонова болест, дијабетична цистопатија. Ургентни состојби се компресија на рбетниот мозок и синдром на кауда еквина. Невролошки може да се јави ретенција на урина со често мокрење и ноктурија или инконтиненција поради преполн мочен меур, што може погрешно да се протолкува како ноктурија.

Пореметување на долен уринарен тракт: Тоа е 'мал капацитет на мочниот меур'. Може да се должи на обструкција на протокот на урина од мочниот меур, кога хроничното заостанување на урина го намалува секој додатен капацитет на бешиката: болест на простата (хипертерофија, карцином), болест на уретрата.

Други причини за ноктурија се инфекција на уринарниот тракт, инфламација-интерстицијален циститис, бременост, малигнитет. 

Пишува д-р спец. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти