Во центарот на градот, Промедика Естетик е најсовремениот центар за релаксација, козметички третмани за лице и тело, масажи, депилација, маникир и педикир и фризер. Во состав на центарот се наоѓа и најсовременото студио за кардио тренинг со личен тренер, опремен со најновите справи на TechnoGym, единствено од таков тип во регионот.
Во Промедика Естетик Ви овозможуваме во релаксирана и дискретна атмосфера да си дозволите одмор од секојдневните активности и да се посветите на разубавување, релаксација и здрав начин на живот.
Кај нас, на едно место можете да уживате во:
Третманите се изведуваат во индивидуални простории опремени со туш кабини и потребната тоалета за третманот, од страна на обучен кадар. Се стремиме кон тоа секој наш клиент да почувствува дека искрено се грижиме за неговите потреби и сме целосно посветени на неговата удобност и задоволство.